Локалните даноци Оn Line
Од четврток започна пријавувањето на локалните даноци Оn Line на страната на Општина Тетово.Општина Тетово е втора во Македонија која го постави системот за Оn Line пријавување на даноците.Тука се опфаќа данокот на имот, данокот на фирма, данокот за користење на површините пред локалите и данокот за купопродажба на имот.Со ова сите граѓани на Општина Тетово преку интернет страната, во рубриката ПРИСТАП ДО ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ќе имаат можност да ги видат обврските кон општината.Со овој проект Општина Тетово покажува дека се повеќе се ангажира за да биде поблиску до граѓаните, да биде потранспарентна и побрза во исполнување на нивните барања.
Гарѓаните на Тетово со клик на оваа веб страна ќе имаат јасна слика за даноците и за обврските кои ги имаат кон општината и истовремено ќе имаат пристап и до финансиската картичка.
За да се вклучат во оваа рубрика , граѓаните ќе примат одлука од страна на надлежните на Општина Тетово, каде ќе ја имаат напишано лозинката, матичниот број и даночниот број.Со овој проект, Општина Тетово предвидува што побрзо да ги информира граѓаните за работите кои се реализираат од страна на надлежните органи на администрацијата и начинот како се определуваат даноците.
Инкасираните средства од локалните даноци им се враќаат на граѓаните преку инвестиции во многу насоки опфаќајќи ги инфраструктурата , образованието, културата и други насоки.Колку повеќе граѓаните ги подмируваат долговите кон општината, толку повеќе се зголемуваат инвестициските цели на општината .
Лозинката е напишана на решенијата за данок на имот , и секому е испратена дома.Секој кој нема лозинка може да ја добие во Општина Тетово во канцелариите 44(даноци за имот) и 47(даноци за фирми).