Интезивирање на соработката со данската противпожарна единица “Фалк“
Гардоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети во петок се сретна со раководителот на данската противпожарна единица“Фалк“,Торбен Кристенсен.
За време на средбата се разговараше за работата на противпожарната единица ,која дејствува во рамките на Општина Тетово и потребата за подобрување на услугите кои ги нуди оваа единица.На директорот на данската противпожарна единица “Фалк“на визуелен начин му се претстави функционирањето на Територијалната противпжарна единица во Тетово, начинот на организирање, работните услови и стратегијата за во иднина.Исто така раководителот, Торбен Кристенсен го претстави начинот на функционирање на данските пожарникари и можноста за пренесување на нивните пракси и во Тетово.
Со господинот Кристенсен , градоначалникот Беџети беше во просториите на Територијалната противпожарна единица во Тетово каде пожарникарите демонстрираа симулирано гасење на пожар во разни ситуации и интервенции после сообраќајни незгоди.
Гардоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети беше многу задоволен од работата на противпожарната единица, но истакна дека ангажирањето за подобрување на условите ќе продолжи и во иднина.
Раководителот на данската противпожарна единица, Торбен Кристенсен беше задоволен од демонстрирањето на пожарникарите од Тетово и истакна дека помошта од Данска ќе биде постојана во насока на подобрување на услугите што ги нуди оваа единица од Тетово.
Исто така , данската противпожарна единица “Фалк“ и во минатото и помагаше на Територијалната противпожарна единица во Тетово за подобрување на работните услови.