Тетово ја зајакнува соработката со Народна република Кина
Тетово ја зајакнува соработката со Народна република Кина
Во четврток, градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, во посета го прими Советникот за економски и трговски прашања на амбасадата на НР Кина во Скопје, Sun Liwei. На оваа средба беше разговарано за можната соработка за инвестирање во разни сфери како и за можноста за пренесување на пракси особено во бизнис сферата и организирање на обуки за вработените во општинската администрација во Тетово.
Исто така на оваа средба биле разгледани и можностите за соработка на Општина Тетово со општини на НР Кина и нудење на поволни услови за инвеститорите на Кина.Градоначалникот Беџети презентираше една информација за актуелната ситуација и можноста за инвестирање во Општина Тетово, и исто така искажа подготвеност за поддршка и гарантираше за профитабилна соработка и во иднина.

Советникот за економски и трговски прашања на амбасадата на НР Кина во Скопје, Sun Liwei, искажа подготвеноста за соработка и посетата ја оцени како профитабилна.

Исто така на визуелен начин на една заедничка средба со раководниот состав на Општина Тетово , пред кинеските службеници се презентираше функционирањето на Јавното претпријатие, актуелната ситуација во основните и средните училишта како и туристичкиот капацитет на градот.


Дата на објавување 11.03.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:35
Локална дата: 08.02.2012