Акција за спречување на нелиценцираните авто-такси возила
Општинскиот инспекторат за сообраќај продолжува со акцијата за превземање на законски дејствија против нелиценцираните авто-такси возила кои работат на територијата на Општина Тетово.
Според раководителот на Општинскиот инспекторат, Неритан Ферати , акцијата беше спроведена во соработка со Државниот инспекторат и патната полиција.
“Земајќи во предвид дека незаконското дејство на авто-такси возилата е незаштитено и често такси возачите се жртви на патниците.Затоа им апелираме на поединците кои ја вршат оваа дејност во незаконска форма да земат соодветни дозволи во Општина Тетово, рече Ферати.Според него, иако сме свесни за тешката економска ситуација , за доброто на граѓаните е спроведување на активностите на законски начин.
Раководителот на Општинскиот инспекторат ,Неритан Ферати бара разбирање и поддршка од граѓаните за оваа акција истакнувајќи дека ова се прави за нивно добро.
Според законот за вршење на дејноста за транспорт на патниците, еден авто-такси треба да ги поседува овие елементи:
Да има жолта боја
Да го има амблемот на општината
Фискален таксиметар
Лиценца за вршење на дејност на јавни места
Идентификација на шоферот
Ценовник на видно место за цената на километар