Продолжуваат опструкциите на Владата во сферата на образованието
Опструкциите од Владата на Република Македонија се главен проблем со кој се соочува Секторот за образование на Општина Тетово, изјави на една прес конференција раководителот на Секторот за образование, Илјаз Халими.
Според него, иако поминаа три месеци од службеното информирање доставено до Владата и МОН за проблемите со кој се соочува образованието во Тетово, од нивна страна сеуште немаме никаков одговор. Напротив, тие со своите дејствувања уште повеќе ја отежнуааат оваа ситуација.
“Со последниот ребаланс на Буџетот наместо да се зголемуваат средствата предвидени за блок дотации за училиштата, тие за жал се намалија. Само за средните училишта имаме минус од 6 милиони денари“, рече Халими.
Според него, посебен проблем останува новото училиште во Дреновец кое што иако е готово од 1 Септември 2009год. сеуште не функционира поради недостаток на дел на инвентарот и 29 вработувања за кои што Владата треба да обезбеди средства.
“За да се реши овој проблем што е можно поскоро, апелирам до Владата ургентно да ги задолжи Министерството за финансии и МОН да обезбедат финасиски средства и согласности за вработување на овој потребен кадар, без кој не може да почне со работа ова училиште на 1 Септември 2010 год“, рече Халими.
Според него, уште еднаш преку оваа прес конференција се реагира што поскоро да се реши овој проблем поради тоа што имаме предупредувања од учениците ( кои досега патувале по 2 километри до матичното училиште) како и од нивните родители дека доколку ова училиште не почне со работа до1 Септември 2010год., ќе ја бојкотираат наставата и ќе организираат протести по улиците и пред МОН.
“За проблемите кои што може да произлезат и по 1 Септември 2010год., поради незаинтересираноста на Владата и МОН за решавање на овој проблем, навреме сме го информирале меѓународниот фактор вклучувајќи го и ОБСЕ“, рече Халими.