ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат граѓаните на Општина Тетово дека на ден 22.08.2010 во центарот Илирија ќе се одржи манифестација авто-слалом натпревар. Натпреварот е организиран од организацијата “АКК ПРИМО“ и финансиски поддржан од Општина Тетово.
Свеченото отварање на манифестацијата ќе се оддржи во 14 часот на градскиот плоштад.
Во сабота (21.08.2010) од 16:30 до 19:00 часот во организација на невладината организација СОБЗ , Општина Тетово и полиција, ќе се оддржи кампања за безбедност во сообраќајот на неколку пунктови во градот.
Ги покануваме граѓаните на Општина Тетово да присуствуваат на оваа авто трка која за прв пат се оддржува во Тетово, со тенденција овој надпревар да остане традиција.
Сите тие кои што имаат дозвола и регистрирано моторно возило, може активно да учествуваат на овој надпревар. За подетални информации може да се јават на тел. 078-305-145.