Со гордост е претставена работата на Општинскиот инспекторат на Тетово
Во поминатите дванаесет месеци, Општинскиот инспекторат на Тетово успешно интервенираше за спречување на негативните појави во одредени области. Според раководителот на овој инспекторат , Неритан Ферати за време на овој период во областа на урбанизмот направени се 100 интервенции, отстранети се 40 привремени објекти сите со поминат рок, лоцирани на места каде се попречува реализирање на планот и слободно движење на граѓаните.“ Како пример на ефикасните интервенции може да се види отварањето на тротоарите на улицатаИ.Л.Р(Поток) и отстранување на привремените објекти во сопственост на исламската верска заедница која 15 години било едно нерешено прашање.Сето ова е постигнато со интезивна работа и мотивација на соодветните органи во Општина Тетово.
Во областа на Инспекторатот за екологија направени се голем број на интервенции за исклучување на јазлите во фекалната и атмосферската канализација, акција која сеуште трае.
“Општинскиот инспекторат од Тетово интервенираше за отстранување на предизвикувачите на бучава , како и постојана битка за отстранување на сите типови на загадување и интервенирано е за отстранување на десетте диви депонии на разни места во градот“, рече Ферати.
Сообраќајните инспектори секој ден се на терен и се во битка со нелегалните авто –такси возила.Истовремено имаше акција за исклучување на нелегални приклучоци кои биле нелегално приклучени во јавно осветлување.“Интервениравме во над 150 нелегални исклучувања во јавното осветлување, одземање на рефлектори и други елементи за осветлување“, рече Ферати.
Според него интервенирано е за отстранување на разни пречки во јавните простории, тротоари и паркови.Исто така Општинскиот инспекторат на Тетово воспостави ред во рекламните билборди .“Во оваа област имаше еден вистински хаос и поради тоа е направено отстранување на 200 билборди поставени на нелегален начин “, рече Ферати.
Според него, секојдневна работа на Општинскиот инспекторат биле дивоградбите.“Имало конкретни чекори во насока на спречување на дивоградбите.За оваа цел дадени се решенија за запирање на работите како и казни за сите оние кои учествуваат во вакви нелегални акции“, рече Ферати.
Тој истакна дека нивната работа е многу поврзана и зависи од другите институции како што се полиција, пазарна и санитарна инспекција, дирекција за храна и судот.
“Со некои од овие институции соработката ни беше целосно одсутна, а со некои други се надеваме дека ќе се подобри“, рече Ферати.
Раководителот на Општинскиот инспекторат на Тетово, Неритан Ферати, рече дека свеста и одговорноста на граѓаните се главен фактор кој влијаат во текот на работите.Тој побара и во иднина соработка со граѓаните на начин Општинскиот инспекторат да ги извршува работите за нивно добро.