Во тетовската гимназија се регулираат санитарните јазли и тоалетите
Во тетовската гимназија се регулираат санитарните јазли и тоалетите
Во понеделник започнаа работите за регулирање на санитарните јазли во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“ кај поранешното медицинско училиште.

Работите се извршуваат во рамките на Секторот за јавни дејности , а инвеститор е Општина Тетово.Според раководителот на овој Сектор, Илјаз Халими во ова училиште е започнато со отстранување на санитарните јазли и реновирање на тоалетите според сите најсовремени стандарди.
Оваа интервенција се врши во рамките за подобрување на условите во средните и основните училишта во почетокот на новата учебна година. На овој начин се предвидува на учениците да им се пружат подобри образовни услови.

Вкупната сума изнесува 310 илјади денари.


Дата на објавување 24.08.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:23
Локална дата: 08.02.2012