Акција за чистење на градот
ЈКП“Тетово“-Тетово во рамките на секојдневните активности во вторник започна акција за чистење на целиот град.“Во оваа акција ќе се чистат разни делови од градот особено просторите пред образовните објекти, конкретно околу основните и средните училишта во градот, рече Хасан Љума, директор на ЈКП“Тетово“.
Според него акцијата опфаќа чистење на зелените простори и агли на улиците.Истовремено е исчистен и дворот на основното периферно училиште “Миѓени“ во Дреновец со цел ова училиште да биде подготвено за започнување на наставата на 1септември.
Директорот на ЈКП“Тетово“, Хсан Љума апелира до граѓаните да се вклучат во оваа акција за чистење на градот со цел да имаме почист град