Се мијат улиците во градот
ЈКП“Тетово“ во соработка со Територијалната противпожарна единица во Општина Тетово продолжува со перманентната акција за миење на улиците во градот.
“Во соработка со ТПЕ работиме со три екипи со цел да имаме почист град.Оваа акција е со цел да се зачува водата за пиење , за да не ја злоупотртебуваат граѓаните за чистење на просторите пред своите објекти , a ЈКП за чистење на улиците користи техничка вода “, рече Хасан Љума, директор на ЈКП“Тетово“.
Миењето на улиците се изведува навечер и директорот Љума им апелираше на граѓаните да внимаваат каде ги паркираат автомобилите за да не го попречуваат миењето на патиштата.
“Се молат граѓаните да не ја трошат водата за пиење бидејќи тоа претставува препрека во снабдувањето со вода на некои населби во горниот дел од градот. Но ако овие денови не се стабилизира ситуацијата со водата за пиење , рестрикциите ќе траат повеќе со цел вода за пиење да имаат сите делови на градот“, рече Љума.