Се реконструира училишната зграда во село Гајре
Завршија работите за реконструкција на објектот на основното училиште “Истигбал“во село Гајре.
Според раководителот на Секторот за јавни дејности во Општина Тетово, Илјаз Халими ова училиште е целосно малтерисано од надворешна и внатрешна страна, се уредиле санитарните чворови и поставени се прозорци.
Вкупната сума на оваа инвестиција изнесува 1 милион и 900 илјади денари , а инвеститор е Општина Тетово.