Меморандум на соработка за поддршка на Американското катче
Во среда, во Општина Тетово е потпишан еден меморандум за соработка помеѓу градоначалникот проф.д-р.Сади Беџети , службеничката за односи со јавност во Амбасадата на САД во Скопје , претставници на Дом на култура во Тетово и организацијата “Аурора“.
Во меморандумот се предвидува продолжување на реализација на активностите во Центарот за информации познато како Американско катче во Тетово(“ACT“)во период од 30.09.2010 -30.09.2015 год.
Општина Тетово претставена од градоначалникот, проф.д-р.Сади Беџети ќе обезбеди поддршка за оддржувањето и функционирањето на Американското катче на начин да се гарантира регуларно функционирање.
Амбасадата на САД во Македонија и канцеларијата за односи со јавноста во оваа амбасада ќе обезбеди компјутери и други технолошки средства за да им помогне на членовите на катчето во нивното истражување.
Според меморандумот, Општина Тетово ќе продолжи да ги поддржува финансиски екипата на Американското катче и бесплатно ќе обезбеди простор од 70 метри квадратни во приземјето во Дом на култура каде ќе се вршат активности на Американското катче, а Дом на културата ќе ги наплаќа месечните фактури за чистење, одржување на просториите каде е сместено Американското катче во Тетово.
На церемонијата на потпишување на меморандумот за соработка учествуваше заменик амбасадор на САД во Скопје, Брајан Агел, а потпишувањето на овој меморандум кој предвидува продолжување на функционирање на Американското катче е показател на успешната интензивна соработка на Општина Тетово со Амбасадата на САД во Скопје.