Соопштение
Почитувани граѓани на Тетово и муслимански заедници , Ве информираме дека во сабота на ден 28.08.2010 , Општина Тетово во соработка со Општина Бајрам Паша од Турција ќе организира дочек на ифтар во центарот Илирија.
Се повикуваат граѓаните да учествуваат на овој заеднички ифтар.Општина Тетово уште еднаш им го честита месец Рамазан на сите муслимански верници посакувајќи овој месец на пожртвуваност да го пренесе мирот, радоста, богатството и просперитетот во секој дом.
Се надеваме дека заедничкиот ифтар што ќе биде во центарот Илирија ќе ги постигне идеалите на светиот месец Рамазан што се за човечка солидарност и поддршка еден за друг.