Се замени покривот на основното училиште “Миѓени“
Во склоп на работите за основните и средните училишта со цел да се обезбедат услови за новата учебна година, се работеше и во основното училиште “Миѓени“ во населбата Цетинска.
Според раководителот на Секторот за јавни дејности, покривот во ова училиште е заменет со нов.“Ова беше итна работа која требаше да се направи во основното училиште Миѓени за нормално одвивање на образовниот процес.Исто така, се работеше и во внатрешниот дел на училиштето“, рече Халими.
Вкупната инвестиција за ова училиште изнесува 380 илјади денари , а инвеститор е Општина Тетово.