Заеднички ифтар на плоштадот'Илирија'
Заеднички ифтар на плоштадот'Илирија'
Во сабота, на иницијатива на општината Бајрам Паша од Турција со поддршка на Општина Тетово, на плоштадот "Илирија" е организиран заеднички ифтар на кој присуствуваа градоначалникот на Бајрам Паша, Хусеин Бурге, високи функционери на претседателството на Турција, претставници на невладини организации од Турција и турски бизнисмени.

Во овој случај градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р. Сади Беџети рече дека Општина Тетово одговори позитивно и и помогна на иницијативата на Општина Бајрам Паша од Турција да организира заеднички ифтар.
"Почитувани муслимански верници, почитувани граѓани, Ви благодарам за вашето присуство и уште еднаш ја користам оваа прилика да им посакам на сите благословен месец Рамазан, месец на човековата жртва со надеж дека во секоја куќа ќе има мир, радост , благосостојба и просперитет ", рече Беџети.
Тој рече дека Општина Тетово го подржува овој заеднички ифтар, солидарноста, и ова го отценува како хумана порака во месецот на Рамазан.


"Овој ифтар нека биде поттик за помош на сиромашните семејства и да се биде поблиску еден до друг со нашата солидарност", рече Беџети.

Градоначалникот на Бајрам Паша, Хусеин Бурге , изјави дека е среќен што ифтарскиот конвој пристигна во градот Тетово. Бурге истакна дека таквите каравани за ифтар се одржуваат во повеќе градови на Македонија, а тој одлучи да биде присутен само на ифтарот организиран во Тетово. Бурге му се заблагодари на градоначалникот на Општина Тетово за помошта околу организацијата на овој настан. Според него, ова е порака за плодна соработка помеѓу двете општини која ќе продолжи и во иднина.



Организацијата за заедничкиот ифтар продолжи со богата уметничка програма на која настапија многу пеачи и културни друштва од Турција и КУД“Јehona e Malësisë së Sharrit” од Тетово.


Инаку, делегацијата од Турција, придружувана од градоначалникот на Општина Тетово , проф.д-р.Сад Беџети ги посети културно-уметничките споменици во градот Тетово.


Дата на објавување 30.08.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:01
Локална дата: 08.02.2012