Градоначалникот на Општина Штип во посета на Тетово
Во понеделникот градоначалникот на Општина Штип , Зоран Алексов, беше во посета на Општина Тетово, каде што беше пречекан од страна на градоначалникот проф.д-р. Сади Беџети.
Според градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р. Сади Беџети, ова е прва посета на градоначалникот на Штип во Општина Тетово и неговата цел е да се подобри соработката помеѓу двете општини во разни сфери. "Ние сакаме да имаме соработка чија цел е заедничка конкуренција во европските фондови, затоа што како општини имаме заеднички точки ", рече Беџети.
Според градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов, вакви средби за интензивирање на соработката се добри за граѓаните на двете општини. Алексов рече дека многу проблеми со кои се соочуваат овие општини бараат заеднички решенија и соработка и исто така ќе игра важна улога во планот за искористување на искуството.
Градоначалниците на двете општини се согласија дека соработката во разни области треба да се интензивира во иднина.