Трикратно зголемување на пожарите во текот на месец август
Според извештајот од месец Август/2010, Tериторијална противпожарна единица која работи во рамките на Општина Тетово интервенирала на вкупно 127 пожари.

Раководителот на оваа единица, Камбер Садику, рече дека во споредба со минатиот месец пожарите трикратно се зголемиле и сето ова е резултат на покачување на температурата.
"За време на овој периодт ТПЕ интервенираше на пожари на отворени места како што се ливади, и треба да се напомене пожарот во шумата во близина на селотоМилетино каде што ТПЕ и помогна на Дирекцијата за спасување и безбедност, потоа пожарот во близина на селото Гајре, каде што со ефикасна интервенција на ТПЕ пожарот беше ликвидиран “, рече Садику.

Според него, треба да се напомене дека ТПЕ овој месец има интервенирано во гасење на сите пожари во руралните општини, како што се Општина Вратница , Општина Теарце, Општина Брвеница и Општина Боговиње.

Инаку, ТПЕ има плодна и интензивна соработка со ЈКП-Тетово. Во рамките на оваа соработка е и редовното снабдување со вода за пиење во населбите каде што е потребно, постојано се поливаат дрвата засадени во градот и зелените површини, а исто така помага и во миењето на улиците.


Дата на објавување 31.08.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:19
Локална дата: 08.02.2012