Бројни дела за образованието презентирани по повод почетокот на учебната година
По повод започнувањето на новата учебна година, во средата беше изведена церемонија за пуштање во употреба на новите училници во средното економско училиште "8 Септември" на која присуствуваше градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети.
“Најпрво во име на Општина Тетово посакувам на сите ученици, педагози и цела работна екипа да им честитам успешно започнување на новата учебна година.
Почитувани гости дозволете ми гордо и гласно да потенцирам дека Тетово денес е шампион на работата и ја искажувам мојата доверба дека со работа и само со работа, ние секојдневно ќе можеме да ја носиме напред започнатата трансформација во нашиот град, ќе можеме да направиме подостоинствена животна средина за заедничко живеење и ќе може да сервираме еден модел на напреден развој“, рече Беџети.
Според него оваа трансформација го опфаќа и образовниот систем во нашиот град. Во овој период со цел подобрување на условите за добар развој на едукативно-образовниот процес инвестирано е речиси во сите средни и основни училишта кои се во компетентност на Општина Тетово, рече Беџети.
За да се избегне празната политичка реторика, тој накратко спомена некои од конкретните инвестиции во основните и средните училишта во Тетово
-Работено е во гимназијата во Тетово каде се реновирани санитарните јазли и тоалетите,
-Во основното училиште “Ќиќиш“ е реконструиран покривот и спортската сала на училиштето,
-Во основното училиште“ Миѓени“ е променет покривот,
-Во текстилното училиште“Ѓоце Сојчески“се реновираа канцелариите на наставниците , лабараториите и променет е подот во училиштето,
-Во основното училиште “Истигбал“ во Тетово изградени се четири нови училници
- Преку проектот на УСАИД во соработка со Општина Тетово заменети се прозорците во основното училиште "Кирил и Методиј;
Истакна дека е работено и во училиштата кои се наоѓаат во планинските села во Тетово:
-Во село Лавце е изграден спортски терен кој недостасуваше многу години, а во основното училиште“ Истигбал“ во село Гајре се издградени две нови училници кои ќе се употребуваат како лабаратории,
-Во училиштето каде се наоѓаме денес, во средното економско училиште“8 Септември“ е направена најголема инвестиција. Овде се изградени осум нови училници кои опфаќаат сума во износ од 24 милиони денари, бојадисани се просториите и се снабдени со потребен инвентар на начин да се обезбедат услови за успешно започнување на учебната година.
На крајот од својот говор градоначалникот Беџети им испрати порака на учениците:
“Почитувани ученици сето ова се прави за вас , затоа што Вие сте нашата иднина.
Светлината на мудроста Ви ги отвара вратите на успехот.Општина Тетово ќе биде секогаш со Вас и ќе Ви помогне за надминување на бариерите со кои ќе се соочувате.Сега е Ваша оврска да учите колку што е можно повеќе затоа што само вака нашата иднина ќе биде иднина на успехот и просперитетот во сите сфери, една иднина која посакуваме да ја постигнеме сите ние“.
Манифестацијата по повод започнувањето на новата учебна година, исто така, ја поздрави директорката на средното економско училиште "8 Септември", Зана Исмани, која му се заблагодари на градоначалникот на Општина Тетово и на општинското раководство за инвестициите направени во ова училиште.