Заедно да се соочиме со лошите временски услови
За да се подигне одговорноста на јавноста за поефикасно справување со лошите временски услови, градоначалникот на Општина Тетово придружен од неговиот персонал, во вторник презедоа мерки за чистење на снегот на градскиот плоштад, а истовремено одблиску ја следеа и работата која ја извршува „ЈКП“-Тетово на терен.
Градоначалникот Беџети, ги повика сите граѓани да бидат на висина на извршувањето на својата обврска во оваа вонредно создадена ситуација од непрекинатите врнежи од снег. Тој ги повика граѓаните да соработуваат за да му се помогне на „ЈКП“ –Тетово, кои што 24 часа непрекинато работат на чистење на патиштата. „ЈКП“- Тетово, ги активираше сите свои капацитети и работи непрекинато на чистење на снегот, првично од главните булевари и патиштата кои водат до селата, опфаќајќи ги и секундарните улици. Поради оваа ситуација потребна ни е и помошта на граѓаните, заеднички да ја надминеме оваа вонредна ситуација“, рече градоначалникот Беџети.
Тој напомена дека во текот на денот и наредните денови ќе ги посети планинските села на Шара за да види како се извршиле работите.Оваа акција на вработените од Општина Тетово има за цел активирање и подигање на одговорноста на граѓаните во тешката ситуација создадена од врнежите од снег што се предвидува да продолжат и во текот на целата недела.