• Географска положба и клима

    Полошката котлина се протега во југоисточен и северозападен правец, во должина од 55 км и ширина од 8-10 км.

    Опкружена од Шар Планина, Сува Гора и Жеден. Во средината на Полог, на падините на Шара, по течението на Реката Пена (Артат) се наоѓа Општина Тетово со околу 86.560 жители.

    Тетовскиот регион е распространет на површина од 1.080 км3 во долниот дел на Полошкото поле на надморска висина од 460-500 м.

    Геостратешката позиција на Тетово се карактеризира со тоа, што се наоѓа на раскрсница на меѓународните коридори за промет, како што се:
    - Коридорот 8 (поминува низ Тетово) и
    - Коридорот 10 (40 км. далечност од Тетово).

    Тетово има полу-континентална клима, со топло и релативно влажно лето, и студена зима со снег, пролетта и летото се придружувани со чести врнежи.

    Бидејќи од сите страни е опкружена со планини и поради појавата на воздушните топли и студени струења, во Полошката котлина се појавува процесот на инверзија.

    Природните услови, како што се: клима, релјеф, геолошката содржина на земјата, овозможиле во Тетовската околина да се појават голем број на извори на течни води, затоа Тетово е еден од ретките градови во Македонија кој има вода за пиење, за потребите на индустријата и за наводнување.
  • Историски преглед на градот

    Првите пишани документи за постоењето на Тетово како населено место, датираат од античкиот период со античкото име EUNEUM.

    Според некои податоци со кои располагаме, Полошката котлина некогаш билa Езеро. Овие податоци, се засноваат во откриените трагови во Балтепе (Брдо на медот), каде се наоѓа висорамнината со езерски камења на надморска височина од 770 метри. Според турските документирани податоци, Тетово во XIV век е третирано како село во Полошката котлина. Во XV век, Тетово се спомнува како центарна местото на Вакафот на Мехмет бег во 1436 година, каде се наведува дека: во Тетово имало голем број на дуќани и работилници, како и дека се изградиле нови населби. Според Мехмед Беќир Челеби (1470 година), Тетово започнува да добива лик на град. Со доаѓањето на Турците на овие простори Тетово постојано расте и се развива.

    Меѓувремено, во текот на овој период се реализира изградбата на културните и историските објекти, како што се:
    - Шарената (пашината) Џамија,
    - Арабати Баба Теќе,
    - Православниот храм (црква) „Св. Кирил и Методиј",
    - Старата градска бања (амам),
    - Тетовската тврдина (кале),
    - Други џамии и цркви,
    - Камениот мост над реката Пена (Артат) и др.

    За тоа време, исто така започнаа и архитектонските измени на куќите, кои постепено почнаа да добиваат ориенталенизглед. Во 1689 година, Тетово се именува како град. Во Тетово има голем број на цркви, кои во зависност од времето на кое му припаѓаат ги имаат и своите посебни историски вредности.

    Од изминатите временски периоди, вреди да се спомене библиотеката на Теќето Арабати (XVIII-XIX век), бидејќи во неа беа развивани културата и образованието, покрај исламската вероисповед. Во оваа библиотека, беа копирани делата на голем број интелектуалци со избрана калиграфија на тоа време, што подоцна се разубавија со орнаменти завиткани во кожа.

    Голем развој на Тетово се случи во втората половина на XIX век, до Балканските војни, кога Тетово стана трговски и занаетчиски центар.

    По Балканските војни, целиот Балкан се наоѓа во криза, така што и развојот на Тетово како град бележи стагнација. особено, по Втората светска војна, доаѓа до зголемување на развојот на целиот регион, така и на Тетово како град.
  • Историски споменици

  • Демографија

    Гледано од демографска смисла Тетово е мултиетничка средина со околу 200.000 граѓани од кои : Албанци се околу 83%, Македонци околу 12% и 5% Турци, Роми, Срби и др., а според верската припадност над 80% припаѓаат на муслиманската вера и останатите на православната.
  • Култура

    Култура

    Одличната геостратешка положба, наоѓањето на градот на раскрсница како и плодната земја на Полошката котлина, Тетово го направиле привлечен и интересен плен за разните освојувачи. Во XV век градот го освоиле Турците. Со доаѓањето на Турците почнува да се развива културата на овие простори. Центар на тие културни настани ќе биде Теќето на бекташи Арабати Баба (теќе), изграден во 1538–1548 година од страна на Серсем Али Деде.

    Османлиите на Тетово му подариле голем број на јавни и верски објекти од исламската култура: џамии, теќе, јавни кујни за сиромашното население, амами (јавни бањи), фонтани (шадрвани), и др.

    Вреди да се спомене библиотеката на Теќето од XVIII – XIX бидејќи во неа културата и образованието се развивале покрај исламската вероисповед. Во оваа библиотека се вршело и копирањето на делата од познатите интелектуалци во тоа време, со посебна калиграфија и подоцна се украсувале со орнаменти завиткани со кожа.
  • Спорт

    Шкендија - Ренова

    Тетово има едно богата спортска традиција во областа на сите спортски активности. Тетовските спортски клубови постигнаа значајни резултати во местата каде што се претставија, на државно или светско ниво. Најразвиените спортови во Тетово се: Фудбал, одбојка, кошарка, скијање, боречките вештини, карате, тенис и др.

    Тетово има два градски стадиони, еден од нив ги исполнува стандардите на УЕФА и ФИФА, исто така, за развој на спортот во тек е изградбата на една спортска сала, која секако ќе помогне во развојот на спортските активности во Општина Тетово.

    Фудбалот има подолга традиција во овој регион. Во 1919 година е формиран првиот фудбалски клуб „Љуботен“. Други фудбалски клубови се: „Шкендија 79", „Ренова" (која се натпреварува во првата државна лига), „Тетекс" и др.

    Еден друг спорт по кој се препознава градот Тетово е одбојката. Екипите на „Шкендија“ и „Лирија“, во машка конкуренција, и „Студент“ и Бами Кор-Медика во женска конкуренција се најконкурентните екипи кои се натпреваруваат на сите нивоа.
  • Образование

    Државниот Универзитет во Тетово

    Во општина Тетово функционираат: 12 централни основни училишта, 9 подрачни училишта, едно основно државно музичко училиште, 6 средни училишта и 2 Универзитета.

    Средните училишта се од различни профили, како: гимназија, медицина, земјоделска, текстилна, економска и музичка. Во Тетово функционираат два универзитета: Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.

    Државниот Универзитет во Тетово е високообразовна институција кој има за цел образованието и едукацијата на студентите. Овој високообразовен центар денеска има 11 Факултети, еден институт за високостручно образование и две придружни институции од областа на здравствената заштита. Универзитетот има над 12 илјади редовни студенти и голем број на вонредни студенти.

    Универзитетот на Југоисточна Европа е отворен во ноември 2002 година, а има 5 факултети и 2 више образовни единици.

    Овој Универзитет има современи и модерни објекти, 2 амфитеатри, околу 50 училници, модерни канцеларии, 2 компјутерски центри, библиотека, како и простории за сместување и акомодација на над 450 студенти. Технолошко информативниот систем има сателитско поврзување која овозможува видео-комуникациска размена на информациите.
  • Туризам

    Попова Шапка

    Тетовската околина со нејзината природна убавина и со културно- историски монументи, градуално се афирмираат како атрактивни туристичка центар на Македонија. Главното место на ова сфера е „Попова Шапка„ ,со убавините на Шар планина, во кадар на планините, релативна висина ,и снегот кој ја разубави овој прекрасен рекреативен и спортски центар.

    Центарот во Попова Шапка се протега на надморска висина 1780м, 18км од Тетово, 48 км има од Попова Шапка до Скопје (70км од Аеродромот во Скопје). До центарот се стигна помеѓу асфалтираниот пат и меѓу лифтот со висина од 7 км ,со кои превозни средства се стаса за 40 мин, со една различна височина од 1400м .

    Попова Шапка поседува со 11 ски-лифтови со височина од 7.7км , што се поврзуваат скијачките предели со височина од 1070-2510 м .

    Должината на скијачките предели е 20км од кои 3 се според критериумите на ФИС-ит.
  • Шар Планина

    Овој дел од нашата страница се обработува.
    Посетете не пак.