Географска положба и клима

Полошката котлина се протега во југоисточен и северозападен правец, во должина од 55 км и ширина од 8-10 км.

Опкружена од Шар Планина, Сува Гора и Жеден. Во средината на Полог, на падините на Шара, по течението на Реката Пена (Артат) се наоѓа Општина Тетово со околу 86.560 жители.

Тетовскиот регион е распространет на површина од 1.080 км3 во долниот дел на Полошкото поле на надморска висина од 460-500 м.

Геостратешката позиција на Тетово се карактеризира со тоа, што се наоѓа на раскрсница на меѓународните коридори за промет, како што се:
- Коридорот 8 (поминува низ Тетово) и
- Коридорот 10 (40 км. далечност од Тетово).

Тетово има полу-континентална клима, со топло и релативно влажно лето, и студена зима со снег, пролетта и летото се придружувани со чести врнежи.

Бидејќи од сите страни е опкружена со планини и поради појавата на воздушните топли и студени струења, во Полошката котлина се појавува процесот на инверзија.

Природните услови, како што се: клима, релјеф, геолошката содржина на земјата, овозможиле во Тетовската околина да се појават голем број на извори на течни води, затоа Тетово е еден од ретките градови во Македонија кој има вода за пиење, за потребите на индустријата и за наводнување.


На 18.09.2009 е извршена последната измена на оваа страница!

19°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 52%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 22:28
Локална дата: 03.09.2010
Историски споменици