Првите пишани документи за постоењето на Тетово како населено место, датираат од античкиот период со античкото име EUNEUM.
Според некои податоци со кои располагаме, Полошката котлина некогаш билa Езеро. Овие податоци, се засноваат во откриените трагови во Балтепе (Брдо на медот), каде се наоѓа висорамнината со езерски камења на надморска височина од 770 метри. Според турските документирани податоци, Тетово во XIV век е третирано како село во Полошката котлина. Во XV век, Тетово се спомнува како центарна местото на Вакафот на Мехмет бег во 1436 година, каде се наведува дека: во Тетово имало голем број на дуќани и работилници, како и дека се изградиле нови населби. Според Мехмед Беќир Челеби (1470 година), Тетово започнува да добива лик на град. Со доаѓањето на Турците на овие простори Тетово постојано расте и се развива.
Меѓувремено, во текот на овој период се реализира изградбата на културните и историските објекти, како што се:
- Шарената (пашината) Џамија,
- Арабати Баба Теќе,
- Православниот храм (црква) „Св. Кирил и Методиј",
- Старата градска бања (амам),
- Тетовската тврдина (кале),
- Други џамии и цркви,
- Камениот мост над реката Пена (Артат) и др.
За тоа време, исто така започнаа и архитектонските измени на куќите, кои постепено почнаа да добиваат ориенталенизглед. Во 1689 година, Тетово се именува како град. Во Тетово има голем број на цркви, кои во зависност од времето на кое му припаѓаат ги имаат и своите посебни историски вредности.
Од изминатите временски периоди, вреди да се спомене библиотеката на Теќето Арабати (XVIII-XIX век), бидејќи во неа беа развивани културата и образованието, покрај исламската вероисповед. Во оваа библиотека, беа копирани делата на голем број интелектуалци со избрана калиграфија на тоа време, што подоцна се разубавија со орнаменти завиткани во кожа.
Голем развој на Тетово се случи во втората половина на XIX век, до Балканските војни, кога Тетово стана трговски и занаетчиски центар.
По Балканските војни, целиот Балкан се наоѓа во криза, така што и развојот на Тетово како град бележи стагнација. особено, по Втората светска војна, доаѓа до зголемување на развојот на целиот регион, така и на Тетово како град.