Историски осврт

Првите пишани документи за постоењето на Тетово како населено место, датираат од античкиот период со античкото име EUNEUM.

Според некои податоци со кои располагаме, Полошката котлина некогаш билa Езеро. Овие податоци, се засноваат во откриените трагови во Балтепе (Брдо на медот), каде се наоѓа висорамнината со езерски камења на надморска височина од 770 метри. Според турските документирани податоци, Тетово во XIV век е третирано како село во Полошката котлина. Во XV век, Тетово се спомнува како центарна местото на Вакафот на Мехмет бег во 1436 година, каде се наведува дека: во Тетово имало голем број на дуќани и работилници, како и дека се изградиле нови населби. Според Мехмед Беќир Челеби (1470 година), Тетово започнува да добива лик на град. Со доаѓањето на Турците на овие простори Тетово постојано расте и се развива.

Меѓувремено, во текот на овој период се реализира изградбата на културните и историските објекти, како што се:
- Шарената (пашината) Џамија,
- Арабати Баба Теќе,
- Православниот храм (црква) „Св. Кирил и Методиј",
- Старата градска бања (амам),
- Тетовската тврдина (кале),
- Други џамии и цркви,
- Камениот мост над реката Пена (Артат) и др.

За тоа време, исто така започнаа и архитектонските измени на куќите, кои постепено почнаа да добиваат ориенталенизглед. Во 1689 година, Тетово се именува како град. Во Тетово има голем број на цркви, кои во зависност од времето на кое му припаѓаат ги имаат и своите посебни историски вредности.

Од изминатите временски периоди, вреди да се спомене библиотеката на Теќето Арабати (XVIII-XIX век), бидејќи во неа беа развивани културата и образованието, покрај исламската вероисповед. Во оваа библиотека, беа копирани делата на голем број интелектуалци со избрана калиграфија на тоа време, што подоцна се разубавија со орнаменти завиткани во кожа.

Голем развој на Тетово се случи во втората половина на XIX век, до Балканските војни, кога Тетово стана трговски и занаетчиски центар.

По Балканските војни, целиот Балкан се наоѓа во криза, така што и развојот на Тетово како град бележи стагнација. особено, по Втората светска војна, доаѓа до зголемување на развојот на целиот регион, така и на Тетово како град.

Културно-историски особености

Тетово спаѓа меѓу најстарите градови во Македонија, во кој низ историјата се заплеткани голем број на култури засновани на традицијата на граѓаните кои живеат на овие простори.

Тетовската Менада (илирска игроорка), во 1933 година, во близина на локалитетот „Балеза Чешма“ е откриена бронзената статуа од периодот на Илирците, VI век п.н.е. која претставува најстаро археолошко откритие пронајдено во Тетовскиот регион. Статуата со димензии од 9 см, должина, и 4 см. ширина, се наоѓа во Тетовскиот музеј.

Пашината џамија, која од народот е позната како Шарена џамија, се наоѓа на десната страна на реката Пена (Артат), во стариот дел на градот, каде се наоѓаат и други објекти на верската, исламската, градската архитектура, како: Градскиот амам (бања), Камениот мост, значајни за естетските вредности и за кои се карактеристични историските натписи кои ги содржат тие.

Џамијата е изградена во 1495 година, додека нејзините карактеристики се колоритните бои, не само во нејзината внатрешност туку и на надворешниот дел на ѕидовите. Во дворот на џамијата се наоѓа фонтана и октогоналното турбе, во која се погребани госпоѓите Хуршиде и Менсуре, кои ја финансирале изградбата на оваа џамија.

Комплексот на бектешите, Теќето Арабати го изградил Серсем Али Деде, од 1538 до 1548 година и претставува еден од најзначајните објекти од овој вид на Балканот. Теќето восхитува со својата внатрешна архитектура, фонтана - еден отворен павилјон од дрвена конструкција, маркантниот објект со плава боја, именуван како „Женски конак“ и др.

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во стариот дел на градот претставува една од најубавите православни верски објекти не само во Полошкиот регион туку и пошироко.

Оваа црква е изградена во поновиот период, односно во периодот на славниот Илинден, во 1903 година, што и придава посебно значење како православно светилиште. Иницијатор за изградба на оваа црква беше влијателниот свештеник од Тетово, Михаил Мартиновски. Тој, на 21 ноември 1902 година во Истанбул од Султанот Абдулхамид успева да издејствува дозвола за изградба на ова црква.

Изградбата на ова црква започнува во 1903 година и завршува во 1918 година, а е пуштена во употреба на 12 јуни 1925 година, по повод празникот Петровден.

Во градот Тетово има и други православни верски објекти, меѓу кои се: најстарата православна црква „Свети Никола“, која е изградена помеѓу 1842-1847 година, Црквата „Св. Богородица“ изградена во 1912 година и осветена на 28.08.1918 година, „Св. Димитрија“, изградена во 1912 година и осветена во 1915 година.

Тетовската тврдина (Кале) се наоѓа на самиот врв на брдото Балтепе над Тетово. Изградена е од страна на Абдурахман паша, во 1820 година. Овој културен споменик, претставува едена ретка убавина од минатото.

Нејзиниот состав е комплексен:
- Внатрешниот дел има пет сараи,
- Големи кујни,
- Бања,
- Еден голем бунар и
- Три тунели за излез.

Исто така претставува едно големо влијание од османската архитектура, но за жал, за време на светските војни се направени големи оштетувања.

Од десната страна на реката Ракита, пред нејзиниот истек во реката Вардар (Аксиум) во близина на селото Долно Орашје, се наоѓа илирската тврдина од античкото време, позната под името „Тврдина на Ница“, или на Собри.

Стратешката позиција на тврдината во античкиот период играла значајна улога во различни временски периоди, особено за заштита и контрола на патот кој ги поврзува Полошите рамнини со Скопските и Косовските села. За жал, до сега не се направени подетални археолошки истражувања ни потребни и адекватни реконструкции.

  • Тетово на минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото
  • Тетово во минатото

На 18.09.2009 е извршена последната измена на оваа страница!

-18°
Max:   Min: -4°
Влажност: 84%
Брзина на ветер: 37 km/h
Локално време: 22:54
Локална дата: 04.02.2012
Историски споменици