Шарена Џамија



Тетовската Шарена Џамија, која од народот се познава како Пашината Џамија се наоѓа покрај реката Пена, во стариот дел на градот, каде се наоѓаат и другите објекти од исламската верска и граѓанска архитектура, значајни за уметничите и естетските вредности и за историскиот белег кој го носат.

Шарената џамија е изградена во 1495 година, и доизградена (од темел) и проширена во 1833 од страна на Абдураман паша, неговиот син Реџеп паша, кои беа заштитници на Тетово и кои беа и големи љубители на уметност. Сите овие податоци ги дознаваме од чуваниот натпис над влезот од џамијата како и од знакот на гробот кој се чува во турбето изградена во дворот на џамијата. Овие познати паши кои дејствувале во Тетово, во првата половина на XIX век, ја изградиле и доизградиле и градската тврдина и Теќето Арабати Баба.


Одличната геостратешка положба, со наоѓањето во раскрсница, како и плодна земја на Полошката котлина, Тетово ја привлекувале вниманието на разните усвојувачи. Во XV век, овој град го усвојуваат турците. Со доаѓањето на турците почна да се развива културата. Огниште на културните дејности стана Теќето на бекташите Арабати Баба (Теќе) изградена од страна на Серсем Али Деде во 1538 – 1548 година.

Теќето Арабати



Османлиите на Тетово им подарија голем број на јавни и верски објекти од исламската култура: Џамии, теќе, јавни кујни за сиромашните, амами (јавни бања), шадрвани и др.

Вреди да се спомне и библиотеката на Теќето Арабати, од XVIII – XIX век, бидејќи во неа се развиваше културата и образованието покрај исламска вероисповед. На оваа библиотека се вршеше и копирањето на делата од познатите интелектуалци од тоа време, со специјална калиграфија, кои подоцна се украсија со орнаменти завиткани со кожа.


Kalaja e Tetovës

Тетовското Кале се наоѓа на врвот на Балтепе над Тетово. Изградено е од Абдурахман Паша во 1820 г. Овој монумент на културата претставува една ретка убавина од минатото време. Неговиот состав е комплексен (внатрешниот дел има пет сараи, големи кујни, бањи, еден бунар во средина и три тунели за излез), претставува големо влијание на османлиската архитектура, но за жал, за време на светските војни претрпе големи оштетувања.


Kulla e sahatit


Ura e Kazazëve


Menada e Tetoves

Во 1933 г. блиску местото наречено Балезова Чешма, е пронајдена статуа од бронза од периодот на Илирите, VI век п.н.е., што представува нај стар археолошки пронајдок, најден во Тетовската околија. Статуата е со димензии 9 см, долга и 4 см широка, и се наоѓа во Скопскиот музеј.


Kisha Sh.Kirili dhe Metodij

Црквата Св. Кирил и Методиј се наоѓа во стариот дел на градот Тетово и е еден од најубавите православни храмови не само во Полошкиот регион туку и пошироко во Македонија. Изградбата на црквата е започната во 1903 год. завршена 1918 год. а осветена на 12 јуни 1925 год.


Max:   Min: -1°
Влажност: 93%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 01:34
Локална дата: 10.03.2010
Историски споменици