Шарена Џамија

Шарена Џамија



Тетовската Шарена Џамија, која од народот се познава како Пашината Џамија се наоѓа покрај реката Пена, во стариот дел на градот, каде се наоѓаат и другите објекти од исламската верска и граѓанска архитектура, значајни за уметничите и естетските вредности и за историскиот белег кој го носат.

Шарената џамија е изградена во 1495 година, и доизградена (од темел) и проширена во 1833 од страна на Абдураман паша, неговиот син Реџеп паша, кои беа заштитници на Тетово и кои беа и големи љубители на уметност. Сите овие податоци ги дознаваме од чуваниот натпис над влезот од џамијата како и од знакот на гробот кој се чува во турбето изградена во дворот на џамијата. Овие познати паши кои дејствувале во Тетово, во првата половина на XIX век, ја изградиле и доизградиле и градската тврдина и Теќето Арабати Баба.
Во осумаголното турбе се погребани госпоѓите Хуршиде и Менсуре. Првата почина во 1534. За таа се претпоставува дека била донатор за изградба на претходната џамија од XV век. Во близина на џамијата се наоѓа и шадрванот, кој имаше двојна функција:за да вршат абдест пред намазот и како чешма за месното население.

  • Шарена Џамиа
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамиа
  • Шарена Џамиа
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија
  • Шарена Џамија

На 18.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 07:39
Локална дата: 08.02.2012
Историски споменици