Тетовското Кале
Тетовското Кале се наоѓа на врвот на Балтепе над Тетово. Изградено е од Абдурахман Паша во 1820 г. Овој монумент на културата претставува една ретка убавина од минатото време. Неговиот состав е комплексен (внатрешниот дел има пет сараи, големи кујни, бањи, еден бунар во средина и три тунели за излез), претставува големо влијание на османлиската архитектура, но за жал, за време на светските војни претрпе големи оштетувања.