Култура

Култура

Одличната геостратешка положба, наоѓањето на градот на раскрсница како и плодната земја на Полошката котлина, Тетово го направиле привлечен и интересен плен за разните освојувачи. Во XV век градот го освоиле Турците. Со доаѓањето на Турците почнува да се развива културата на овие простори. Центар на тие културни настани ќе биде Теќето на бекташи Арабати Баба (теќе), изграден во 1538–1548 година од страна на Серсем Али Деде.

Османлиите на Тетово му подариле голем број на јавни и верски објекти од исламската култура: џамии, теќе, јавни кујни за сиромашното население, амами (јавни бањи), фонтани (шадрвани), и др.

Вреди да се спомене библиотеката на Теќето од XVIII – XIX бидејќи во неа културата и образованието се развивале покрај исламската вероисповед. Во оваа библиотека се вршело и копирањето на делата од познатите интелектуалци во тоа време, со посебна калиграфија и подоцна се украсувале со орнаменти завиткани со кожа.
Во Тетово се наоѓа и градската Тврдина (кале), која се наоѓа на самиот врв на брдото Балтепе, над Тетово. Тврдината е изградена во 1820 година од страна на Абдурахман паша. Овој објект на културата претставува една ретка убавина од минатото време. Нејзиниот состав е комплексен (внатрешниот дел има пет сараи, големи кујни, бањи, еден бунар во средина и три тунели за излез), за време на војните претрпеле голем број на оштетувања. Тетово ги има и градската библиотека „Кочо Рацин“, меморијалниот музеј, историскиот архив и др.

Тетово денес го краси и Домот на култура, изграден во 1975 година во центарот на градот каде се наоѓаше порано Чаршиската џамија. Во овој дом, паралелно се развиваат сите културни активности на припадниците на националните заедници кои живеат на овие простори, и тоа, преку разни активности како што се: музички, драмски, ликовни, книжевни активности и др.

Од културните активности вреди да се споменат разните хорски состави, како: младинскиот мешан хор, женскиот и машкиот хор, како и голем број на културно уметнички друштва. Треба да се нагласат и успесите од светско значење на овие хорски состави, кои под раководство на диригентот Арификмет Џемаили донесе сребрена медала од Светската Олимпијада во градот Линц, Австрија, 2000 година, додека во 2001 година во Wermigerode во Германија истиот хор доби златен медал.

Културно-уметничките друштва од кои најистакнати се: КУД „Џеладин Зеќири“, формирано во 1949 година (албанско друштво), КУД „Ило Антевски-Смок“ (македонско друштво) и „Јени Хајат“ (турско друштво).

Кога се зборува за албанската музика во Тетово, па и воопшто, не можеме а да не ја спомнеме и реномирана музичка група „ Елита 5 “, позната и надвор од Тетово и земјата.

Во драмската дејност функционираат „Драмското студио за деца и млади“, како и „Драмското студио за возрасни“. Во рамките на домот на култура исто така функционира и ателјето за ликовна уметност, во кое се развиваат аматерски активности од ликовната уметност и се афирмираат професионални кадри од оваа бранша, бидејќи се организираат изложби во разни уметнички галерии.

Од литературните активности се истакнуваат литературните клубови, и тоа: „Литературниот клуб-94“ кој ги собира албанските писателите и литературните творци, и Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“, кој ги собира македонските писатели и творци, а кои организираат разни промоции на книги, литературни вечери проследени со литературно читање, свечени активности посветени на месните творци и писатели од минатото, објавуваат конкурси за младите литературни творци и др.


На 11.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!

19°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 52%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 22:34
Локална дата: 03.09.2010
Историски споменици