Спортот во Тетово
Тетово има едно богата спортска традиција во областа на сите спортски активности. Тетовските спортски клубови постигнаа значајни резултати во местата каде што се претставија, на државно или светско ниво. Најразвиените спортови во Тетово се: Фудбал, одбојка, кошарка, скијање, боречките вештини, карате, тенис и др.
Тетово има два градски стадиони, еден од нив ги исполнува стандардите на УЕФА и ФИФА, исто така, за развој на спортот во тек е изградбата на една спортска сала, која секако ќе помогне во развојот на спортските активности во Општина Тетово.
Фудбалот има подолга традиција во овој регион. Во 1919 година е формиран првиот фудбалски клуб „Љуботен“. Други фудбалски клубови се: „Шкендија 79", „Ренова" (која се натпреварува во првата државна лига), „Тетекс" и др.
Еден друг спорт по кој се препознава градот Тетово е одбојката. Екипите на „Шкендија“ и „Лирија“, во машка конкуренција, и „Студент“ и Бами Кор-Медика во женска конкуренција се најконкурентните екипи кои се натпреваруваат на сите нивоа.
Во Тетово активно работи и клуб на алпинисти, планинарски клуб „Љуботен“, кој е меѓу најстарите од планинарските клубови во Македонија, формиран е во 1925 година. Во негова организација се: традиционалната манифестација за искачување на врвот на „Шар Планина“ - „Титов Врв“, кој се одржува од 1980 година и искачувањето на „ Лешница “, која се одржува од 1954 година.