Образованието во Тетово
Во општина Тетово функционираат: 12 централни основни училишта, 9 подрачни училишта, едно основно државно музичко училиште, 6 средни училишта и 2 Универзитета.
Средните училишта се од различни профили, како: гимназија, медицина, земјоделска, текстилна, економска и музичка. Во Тетово функционираат два универзитета: Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Државниот Универзитет во Тетово е високообразовна институција кој има за цел образованието и едукацијата на студентите. Овој високообразовен центар денеска има 11 Факултети, еден институт за високостручно образование и две придружни институции од областа на здравствената заштита. Универзитетот има над 12 илјади редовни студенти и голем број на вонредни студенти.
Универзитетот на Југоисточна Европа е отворен во ноември 2002 година, а има 5 факултети и 2 више образовни единици.
Овој Универзитет има современи и модерни објекти, 2 амфитеатри, околу 50 училници, модерни канцеларии, 2 компјутерски центри, библиотека, како и простории за сместување и акомодација на над 450 студенти. Технолошко информативниот систем има сателитско поврзување која овозможува видео-комуникациска размена на информациите.