Родово одговорно буџетирање на локално ниво
Родовото одговорно буџетирање (РОБ) се однесува на примената на концептот за вклучување на родовата рамноправност во главните текови, политики и практики во рамките на буџетскиот процес. Ова подразбира анализа на буџетите од родова основа, вклучувајќи ја родовата перспектива на сите нивоа на буџетскиот процес и реструктуирањето на приходите и трошоците со цел да се промовира родовата еднаквост.
Во текот на изминативе години, Фондот за развој на жената на Обединетите нации (УНИФЕМ) ги поддржуваше владините и невладините организации во Југо-источна Европа да преземаат различни иницијативи кои се стремат кон промоција на употребата на родовото одговорно буџетирање. Работата на полето на родовото одговорно буџетирање се одвива во четири земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Р. Македонија и Србија. Нејзината цел е унапредувањето на националните и интернационалните обврски за родова еднаквост преку вклучувањето на родовата перспектива во процесите на креирањето на буџетите и политиките и зајакнувањето на партиципацијата на жените во процесите на одлучување и набљудување.
Во Р. Македонија работата на полето на родовото одговорно буџетирање на локално ниво е спроведена во рамките на проектот финансиски поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија. Овој проект се спроведува во периодот од декември 2008 – април 2010 во две пилот општини – општина Тетово и општина Битола.
Проект за родово одговорно буџетирање (РОБ) на локално ниво
Овој проект диркетно придонесува за имплементацијата на Националниот акционен план за родова еднаквост (НАПРЕ) 2007-2012, посебно кон следните активности кои се предвидени за областа за „Зајакнување на институционалните капацитети и механизми за вклучување на родовата перспектива во јавните политики, стратегии и акциони планови и вклучување на методите за родово буџетирање на национално и локално ниво“. Проектот се стреми кон:
- Зголемување на капацитетот и обврската од страна на владините службеници вклучени во политиките и процесите на донесување на буџетите во двете општини во Р. Македонија и членовите на Парламентот во однос на родово одговорните буџети;
- Зајакнување на капацитетите на локалните НВОи и комисиите во двете општини во Р. Македонија за родово одговорните буџети;
- Проширување на партнерството помеѓу лобистите за родова рамноправност од редовите на НВОи, комисиите за родова рамноправност, локалните советници и локалните владини службеници од двете општини во Р. Македонија;
- Мрежа на актери коишто работат на зајакнување на родово одговорното буџетирање на регионално и суб-регионално ниво преку размена на искуства помеѓу Р. Македонија и другите земји од Југо-источна Европа и останатите европски земји.
Активности кои се спроведени во рамките на проектот
Во текот на проектот беа спроведени следните активности:
Селекција на пилот општини
Општините Тетово и Битола беа одбрани како пилот општини каде што проектот беше имплементиран врз основа на неколку критериуми, вклучувајќи ја политичката волја и активноста на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. По селекцијата на општините, беше потпишан и Меморандум за соработка со секоја од општините, подвлекувајќи ги одговорностите на УНИФЕМ и на локалните власти во спроведувањето на активностите на полето на родовото одговорно буџетирање во склоп на проектот.
Основно истражување
По селекцијата на општините, беше спроведено едно основно истражување за процесите на донесување на одлуките и креирање на буџетите.
Студијата (по една за секоја општина) беше направена од страна на локален консултант и вклучува преглед на институционалните и политичките и развојот на социо-економските приоритети; опис на родовото сензитивно буџетирање како алатка на локално ниво; функционирање и капацитетите на постоечката родова машинерија; постоечките механизми на граѓаните и партиципацијата на жените во политиките и процесите на креирање на буџетот.
Теренско истражување за проценка на партиципацијата, потребите и приоритетите на жените и мажите во одбраните општини
Како основа за зајакнување на капацитетите и активностите за поддршка на родовото одговорно буџетирање во двете општини, УНИФЕМ ја поддржа репрезентативната анкета за граѓанското познавање на процесите на донесување на одлуки, задоволството на граѓаните со јавните служби и нивните потреби во релација на специфичните области кои спаѓаат во надлежност на локалната самоуправа.
Во периодот март – јули, 2009, две невладини организации – „Женски форум“ од Тетово и „Клеа“ од Битола спроведоа анкета преку прашалник на 2500 жители (во Тетово) и 2200 жители (во Битола) со што го испитуваа нивното задоволството од јавните служби; познавањето и партиципацијата во процесите на локалното владеење и буџетските процеси; и клучните потреби за коишто општината има надлежности. Во врска со собирање квантитативни и квалитативни податоци во врска со овие прашања, прашалниците за анкетата беа дизјанирани на таков начин што овозможуваа едукација на испитаниците за надлежностите на општината, развојните фази на општинскиот буџет, и начините на коишто граѓаните можат да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки. Собраните информации беа поделени и анализирани според различни варијабли, т.е. полот, возраста, местото на живеење, како и етничката припадност на испитаниците. Резиме од анализата ќе биде публикувана во една заедничка публикација на крајот на проектот.
Работилница за да се дискутираат можностите за родово одговорно буџетирање во општините
Во месец септември, 2009, УНИФЕМ, во тесна соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во општините Тетово и Битола, организираше полудневна работилница во секоја општина чијашто цел беше да се дискутира развојот на проектот за родово одговорно буџетирање на локално ниво и да се акцентира врската помеѓу родовото буџетирање на локално ниво и на национално ниво. Работилниците се состоеја од презентации за тоа што беше постигнато досега и од дискусии за следните чекори со фокус на планираната анализа на општинските програми и буџети од родова перспектива. Главната цел на оваа дискусија беше да се одредат кои општински програми ќе бидат анализирани за да се предложат начини за да се зголеми родовата сензитивност на програмите.
Анализа на општинските програми и буџети од родова перспектива
За да се создаде посилно разбирање помеѓу локалните соработници во двете општини за родовите аспекти на сегашните општински програми и буџети, УНИФЕМ започна анализа на одбрани програми од родова перспектива. Истражувањето е во тек и се спроведува во периодот октомври 2009 – март 2010, и се извршува од страна на две локални консултантки.
Анализата се фокусира на програми коишто се поврзани со социјалната заштита и образование, и го испитува степенот до којшто прашањата за родовата еднаквост се земани предвид во развојот и спроведувањето на овие програми. Базирана на расположливоста на податоците, оваа анализа ќе се стреми да ги испита буџетските распределби во рамките на одредена програма во текот на последните 2 години, како и предлогот за следната година, фокусирајќи се на соодвественоста на специфичните распределби, трендови и варијации, како и на корисниците. Конечната анализа ќе даде сугестии за тоа кои дополнителни информации треба да бидат создадени и кои мерки треба да бидат земени од страна на општината за да се спроведат и поефективно да се следат овие служби/програми од родова перспектива. Исто така, резиме од оваа анализа, ќе биде публикувано во една заедничка публикација на крајот на проектот.
Обука за родово одговорно донесување на политики и родово буџетирање за локалните носители на одлуки
Обуката „Родово одговорно донесување на политики и родово буџетирање на локално ниво во Македонија“ се одржа во ноември, 2009, во Охрид. На обуката беа присутни 30 учесници од двете општини, имено локални советници и членови на локалната администрација, како и гости презентери од две други општини од Југо-источна Европа: Албанија и Србија, како и гости презентери од Кордоба, Провинција Андалузија, Шпанија. Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на локалните носители на одлуки на полето на родовото буџетирање и да се развијат можности за размена на искуства со други земји. Обуката беше спроведена од страна на интернационален и национален експерт и беше прва обука којашто ја покриваше темата на родово одговорно буџетирање на локално ниво во земјава и која, на едно место, спои интернационални и локални искуства.
Парламентарна јавна расправа за родово одговорно буџетирање
Покрај локалните општини, проектот опфаќа активности со членовите на националниот Парламент во идентификувањето на нивната улога на полето на родовото одговорно буџетирање и зајакнувањето на нивните капацитети. Имајќи ја предвид значајната улога што законодавците ја имаат во создавањето на барањата за родовото одговорно буџетирање во одредена земја, се одржа Парламентарна јавна расправа за родово одговорно буџетирање во мај, 2009. Расправата беше прва од овој тип и беше организирана во соработка со Паламентарната комисија за еднакви можности на жените и мажите. Целта на расправата беше да се запознае публиката со концептот за родовото одговорно буџетирање и да се позборува за чекорите коишто биле иницирани за примена на оваа алатка, да се дискутира улогата на Парламентот во процесот на набљудување за вклученост на родовата перспектива во главните политки и текови во буџетскиот процес, како и да се разменат искуства со две земји од ЕУ: Кралството Холандија и Република Австрија. Како прилог на ова, книгата „Парламент, буџет и род“, 2004, од Јоахим Вејнер и Вини Бијанима (клучна публикација за парламентарците) беше преведена на македонски и албански јазик и беше дистрибуирана до пратениците и до учесниците. Копии од публикацијата се достапни за заинтересираните странки.
Идни планирани активности
До крајот на проектот, неколку дополнителни активности ќе бидат имплементирани:
• Организирање на една тркалезна маса во секоја општина за да се дискутира завршената работа и идните планови со граѓаните кон зајакнување на партиципацијата во планирањето на политиките и процесите на буџетирање.
• Студиска размена/размена на искуства помеѓу претставниците на македонските општини и општините од Албанија и Србија каде што работата на полето на родовото одговорно буџетирање беше спроведена на локално ниво во претходниве години.
• Учество на локаните носители на одлуки во интернационална конференција за родово буџетирање, која ќе биде организирана во февруари, 2010 во Скопје за да се зајакнат врските на национално ниво за родовото одговорно буџетирање.
• Развој на капацитетите на членовите на Парламентот за родово одговорно буџетирање.
• Размена на искуства и најдобри практики на полето на родовото одговорно буџетирање со пратениците од некоја друга земја.