Листа на информации од јавен карактер

Врз основа на член 1 и 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ( „Службен весник на РМ„ бр.13/2006), и член 77 став 1 и 4 од Статутот на Општина Тетово („Службен гласник на Општина Тетово бр.13/2006) по предлог од Градоначалникот, Советот на одржаната седница __________донесе

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ
од јавен карактер на Општина Тетово


1. Информации со кои располага Општина Тетово, а кои се утврдени како информации од јавен карактер се следниве:
- Основните податоци за Општината и органите на општината;
- Информации за работата на Градоначалникот;
- Информации за работата на Советот на општината;
- Информации за работата на општинската администрација преку секторите и одделенија;
- Информации за работата на Територијалната противпожарна заштита.

2. Информациите од јавен карактер се добиваат преку Актите и постапките за спроведување на надлежностите на органите на општината и тоа:

Општи акти
- Статут;
- Деловник на Советот на Општината;
- Програма за работата на Советот на Општината;
- Буџет на Општината;
- Одлука за извршување на буџетот на Општината;
- Кварталните извештаи за извршување на буџетот на општината;
- Годишен план за јавни набавки;
- Одлука за организирање на општинската администрација;
- Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација;
- Програма за уредување на градежното земјиште;
- Програма за изградба и одржување на улици и патишта;
- Програма за изработка на урбанистички планови во општината.

Поединечни акти
Одлуки, Решениа и Заклучоци донесени од страна на градоначалникот и Советот.

Постапки
- Јавните набавки;
- Усвојување на урбанистичките планови (ГУП, ДУП, УП за село, УП вон населено место);
- Постапката за добивање на услови за градба;
- Постапката за добивање на одобрение за градба;
- Лиценците на авто-такси превозот;
- Записници од увид на лице место (од инспекторатот) постапката за остварување на слободниот пристап на информации. (Што се однесува до постапките, се подразбира дека, има слободен пристап за сите акти што се дел од постапките наведени во ова точка).


3. Секторот за информации преку овластениот службеник го одржува и ја ажурира листата за информации.

4. Листата на информации од јавен карактер влегува во сила по објавувањето во Службен гласник и ќе биде објавена на огласната табла на Општината.


На 24.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!

-18°
Max:   Min: -4°
Влажност: 84%
Брзина на ветер: 37 km/h
Локално време: 22:43
Локална дата: 04.02.2012

Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго