Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Општина
 Администрација на Општината
 
Градоначалник на општината
Совет на Општина
Администрација на Општината
Претпријатија и едници
 
Општински сектори



Органограм на општината

 

 


ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Работите и задачите во Општина Тетово, како и видовите и бројот на организационите облици се утврдуваат и групираат според карактерот на работите и задачите во рамките на надлежноста утврдена со закон.
Работите и задачите во Општината во зависност од обемот, одговорноста, нивната меѓусебна поврзаност и другите услови потребни за нивно ефикасно вршење на работите по одделни подрачја од неговата надлежност се вршат преку 10сектори и 36 одделенија, од кои

- 33 одделенија во секторите ,
- 3 одделенија како независни организациони единици (надвор од секторите),

 

НЕЗАВИСНИ ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ

(НАДВОР ОД СЕКТОРИТЕ)

1.Одделение за внатрешна ревизија
Одделението за внатрешна ревизијакако независна организациона единица дава поддршка на градоначалникот на општината за остварување на целите на Општината преку: планирање, организирање и спроведувањеревизии во сите организациони структури, програми, активности и процеси во општината, вклучувајќи ги и оние на корисниците на средства од ЕУ фондовите,согласно законските прописи, прифатените меѓународни стандарди за внатрешна ревизија и воспоставените ревизорски политики, посебните услови за финансиско управување, внатрешни контроли и внатрешна ревизија, утврдени од Европската Комисија, како и условите за работа; процена на соодветноста, економичноста, ефикасноста и ефективноста на системот за финансиско управување и контрола; процена на управувањето со ризиците од страна на раководството и процена на ризиците на системите;изготвување план и програма за секоја ревизија; изготвување информации и извештаи кои ги доставува до градоначалникот; давање препораки за поголема ефикасност на системите на внатрешна контрола, подобрување на работењето и процедурите за работа; известување за наодите и препораките и мониторинг на исполнувањето на препораките; иницирање измени во законската регулатива за внатрешна ревизија и за подоследна примена на прифатените меѓународни ревизорски стандарди во јавниот сектор и грижа за почитување на етичкиот кодекс

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
revizioni.te@gmail.com

2.Одделение за стратешко планирање
Одделението за стратешко планирање врши тековни и среднорочни економски анализи заради предвидувања и таргетирање на стратешките приоритети на општината. Изготвува стратешки планови, обезбедува податоци за изготвување на буџетот на општината . Ги обединува програмите на секторите во општината и органите во состав за следење на поставените цели и приоритети . Врши проценка на постигнатите резултати при остварување на програмите во претходната и тековната година со однапред утврдени индикатори за следење, кои се составен дел на стратешките планови.
3.Одделение за управување со човечки ресурси
Одделението за управување со човечки ресурсиги врши работите и задачите кои се однесуваат на подготвителните работи во врска со управувањето со човечките ресурси, врши анализи на потребите за тренинг и обука на административните службеници, изработува годишен план за тренинг и обука, соработува со давателите на тренинг и обука во врска со програмите и курсевите, прибира податоци за оценување на користа од спроведените програми за тренинг и обука, вклучувајќи комуникација со обучените административни службеници и нивните раководители, во функција на модификација на програмите и курсевите за обука заради нивно подобро приспособување на потребите на општината, ги следи и применува законските прописи и општите акти кои се однесуваат на управувањето со човечките ресурси.

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
hroffice@tetova.gov.mk

 

СЕКТОРИТЕ И ОДДЕЛЕНИЈАТА

1. Сектор за координација на активностите на
Градоначалникот:

организирање и подготовка на средбите и состаноците на градоначалникот на Општина Тетово, информирање на јавноста и медиумите за активностите на органите на Општина Тетово, јавните претпријатија и јавните установи под надлежност на Општина Тетово;
-спроведување на анкети и организирање на јавни трибини за одделни прашања под надлежност на Општина Тетово;
-организација и пласирање на информации на веб страната на Општина Тетово;
-ја координира својата работа со другите сектори во рамки на општинската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.

1.1 Одделение за координација на активностите на градоначалникот
- ги организира протоколарните и работните средби и состаноци на градоначалникот на Општина Тетово;
-ја координира подготовката на материјалите и информациите што му се потребни на градоначалникот на општината за неговите средби и состаноци; -составува белешки и записници за средбите и состаноците на градоначалникот-ги организира работите поврзани со посетата на делегациите на Општина Тетово;-ги организира работите поврзани со посетите на градоначалникот во странство;

1.2 Одделение за комуникација, протокол и односи со јавноста;
-ја остварува комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на општината, јавните претпријатија и јавните служби што се во надлежност на Општина Тетово;
-организира прес-конференции, брифинзи и интервјуа за новинарите со портпаролот и градоначалникот на Општина Тетово;
-подготвува соопштенија за јавноста;
-го координира прибирањето на информациите од одделните Сектори во рамки на општинската администрација, Советот на општината, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби во надлежност на Општина Тетово;
-оперира со отворената линија за новинари и ги подготвува писмените/усните одговори на нивните прашања;
-оперира со отворената телефонска линија за граѓаните и го координира подготвувањето на одговорите на нивните прашања со другите сектори во рамки на општинската администрација и јавните претпријатија и служби во надлежност на општината;
-го организира и ги дефинира информациите за веб страницата на Општина Тетово;

1.3 Одделение за меѓуопштинска, меѓународна и НВО соработка
работи поврзано со иницирање, координација и реализација на соработката на Општина Тетово со други општини и градови, организации, здруженија на граѓани и фондации;
-предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации;
-подготвува годишнапрограма за соработка со збратимените градови на Општина Тетово;
-во координација со другите сектори во рамки на општинската администрација ги реализира проектите од областа на соработката со збратимените градови на Општина Тетово;
-врз основа на предлозите и иницијативите од другите сектори во рамки на Општинската администрација, поднесува Предлог-проекти за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти и го организира учеството на општината на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областите од надлежност на Општина Тетово;
-ја координира работата на проектните тимови за реализација на проектите кои се финансираат од внатрешни, странски-меѓународни донатори идруги организации;
-води евиденција (регистар) за соработката;
-ги следи активностите на здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Општина Тетово;
-годишно го организира Форумот на невладини организации каде здруженијата на граѓани и фондации ги презентираат своите предлози за соработка со Општина Тетово, ставовите и коментарите во однос на активностите на општината и предлози за нивно подобрување и искуството од соработката со Општина Тетово

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
cabinet@tetova.gov.mk
proffice@tetova.gov.mk

 

2. Сектор за финансиски прашања

-следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално - финансиското работење
- управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот
- подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за субјектот
-подготовка на стратешкиот план на субјектот и измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот
-контрола на подготовката и извршувањето на буџетот
-спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола
-изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот
-следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот
-сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка
-благајничко работење
-подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација
-пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот
-примената на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки
-изготвувањето на годишен план за јавните набавки и негова реализација,
- администрирање на приходите на општината

2.1 Одделение за буџетска координација
координирање на процесот на развој,воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
-давање предлози за воспоставување /укинување на ех ante финансиска контрола совршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси вообласта на финансиското управување и контрола;
-задолжително давање на мислења попредлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлогактите на други субјекти кои имаат или може да имаат финасиски импликации за Буџетотна општината;
-изготвување план за воспоставување на финансиското управување иконтрола како и методологијата за спроведување на планот кои ги одобрувараководителот на субјектот;
-следење и примена на законската регулатива од областа набуџетското работење;
-давање на мислење по предлог на актите што ги изготвуваатдругите организациони единици во општината и предлог актите на други субјекти коиимаат или можат да имаат финансиски импликации за Буџетот на општината;
-подготовкана извештај за реализирани програми, проекти и договори;
-подготовка на извештај заактивностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
-вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување иконтрола и
-подготовка на Годишниот финансиски извештај

2.2 Одделение за буџетска контрола
-контролирање на извршувањето на буџетот;
-контролирање на извршувањето наутврдените политики и оперативно управување (надзор над целокупниот процес зафинасиското управување и контрола);
-контрола на следење на реализацијата надоговорите за јавни набавки и спроведува еx ante и ex post финасиска контрола – вршењедокументирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација(фактури, порачки, испратници, работни налози , приемници и друго и нивна усогласеностсо договорот за јавни набавки);
-контрола на изготвување на информации и извештаи заизвршувањето на буџетот;
-контрола на следење и примена на законската регулатива(закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финасискотоуправување и контрола и
-контрола на расположивоста на планираните стредства вобуџетот/финансискиот план пред преземање на обврските, контрола на плати во општинаи општински буџетски корисници

2.3 Одделение за сметководство и плаќања
-спроведување сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финасискиотплан и подготвувањето на годишна сметка и годишен извештај (биланс на состојба, билансна приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс назадолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);
-сметководственоевидентирање на основните средства на општината, евидентирање и наплата напобарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, материјално и даночносметководство;
-буџетското и финасиското известување;
-заштитата за средствата иобврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;
-изготвување нагодишни, квартални и месечни финансиски извештаи за буџетот на општината и неговитеоргани во состав и единки корисници согласно законските прописи;
-еx anteсметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањетосогласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
-следење и примена назаконската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансикотоработење;
-секојдневно водење на благајнички работи;
-пресметка и исплата на платите навработените во општина и општински буџетски корисници;
-врши усогласување насостојбите во даночната евиденција, сметководство и евидентирање на задолжувањата ираздолжувањата за даноците, придонесите и таксите

2.4 Одделение за администрирање со приходите
-ги прибира и го следи прибирањето на сопствените приходи на Буџетот на општината;
-врши утврдување и наплата на сопствените приходи;
-врши администрирање на локалните даноци и комуналните такси на Општината;
-врши усогласување на состојбата во даночната евиденција;
-врши евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата на даноците, таксите и подготвува завршна сметка за овие приходи;
-врши присилна наплата на даночен долг, парична
казна и камата;
-води регистар на недвижен и подвижен имот на општината;
-ги следи и ги применува прописите што се однесуваат на утврдување на данокот на промет на недвижности и права, данок на наследство и подарок и комунлани такси;
-води управна постапкаи

2.5 Одделение за јавни набавки
ги врши работите во врска со следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки,
- подготовка на интерни акти/процедури за јавни набавки, координација на потребите за јавни набавки во субјектот и подготовка на годишен план за јавни набавки,
-следење на извршувањето на годишниот план за јавни набавки, подготовка на решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки, подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска документација,
-водење евиденции на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови, изготвување договори за јавните набавки, координација, изготвување и следење на реализацијата на порачките согласно склучените договори за јавни набавки

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
finance@tetova.gov.mk


3. Сектор за правни работи


-ги следи законите и другите прописи од областа и во врска со локалната самоуправа, ги подготвува прописите и актите од надлежност на Советот и градоначалникот на Општина Тетово, дава мислење за усогласеноста на прописите и актите со законите и другите прописи;
-го застапува Општина Тетово во судските спорови пред надлежните судови и пред други надлежни органи;
-примање и одговарање на претставките и предлозите на граѓаните и водење на евиденција на истите,
ја координира својата работа со секторите во рамки на Општинската администрација

3.1 Одделение за нормативно-правни работи;
ги следи законите и другите прописи од областа и во врска со локалната самоуправа;
-предлага и подготвува акти согласно потребите од Законот;
-изготвува предлози на Статут, Деловник за работа на Советот на Општина Тетово и предлози за нивни измени и дополнувања;
-изготвува одлуки и други општи акти во областите што не се во надлежност на другите сектори;
-учествува во изготвувањето на одлуките и општите акти од надлежност на другите сектори и задолжително дава мислење за усогласеноста на општите акти и поединечните акти од негова надлежност;
- ја следи усогласеноста на одлуките на Советот и другите општи акти на Општина Тетово со законите и другите прописи и предлага соодветни активности за нивно усогласување;
-дава мислења на органите на Општина Тетово и секторите во рамки на општинската администрација во врска со примената на законите и другите прописи,

3.2 Одделение за судски и управни работи

-ја застапува Општина Тетово во правните работи и спорови пред надлежните судови и други органи во РМ;
-прибира потребен материјал за одбрана на општинатапред надлежните органи;
-води регистар на судски и други предмети пред надлежните судови и други органи во РМ;
-врши прием и евиденција на претставките и предлозите, постапува по истите доколку претставката се однесува на работата на органите на опшината (прибира податоци, ги испитува фактите и околностите од значење за решавање на претставката и ги презема сите потребни мерки и дејствија за правилно решавање на преставката односно предлогот и за остварување на правата на подносителот), по што доставува образложен одговор до подносителот во законскиот рок;
- доколку претставката или предлогот се однесува на работата на други органи истите ги препраќа до надлежниот орган и за тоа го известува подносителот, а доколку постапувајќи по претставката утврди дека е повредено право на подносителот или јавниот интерес, му укажува на надлежниот орган на превземање мерки за отстранување на повредата;
- доколку постапувајќи по претставка или предлог утврди дека се работи за правна работа, го подучува подносителот на можноста за покренување на соодветна постапка;
- доставува известие или иницијатива до овластен орган за потребата од донесување на нов или за измена или дополнување на постоечки закон, доколку постапувајќи по претставка или предлог оцени дека таква потреба постои;
- соработува и комуницира со другите органи за постапување по претставки и предлози во давање на меѓусебна стручна и правна помош, размена на искуства и заеднички договорени активности;
- доставува шестмесечни извештаи до Министерството за правда.

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
legalaffairs@tetova.gov.mk


4. Сектор за општи работи


- ракува со документите на Општина Тетово и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија;
- го организира вршењето на секретарските работи;
- ги подготвува и организира седниците на Советот на Општина Тетово и на неговите комисии
- преведувачките илекторските работи; месните заедници и стручно-административните работи за потребите на Советот и градоначалникот на Општина Тетово, одржувањето на хигиената, одржувањето и користењето на возниот парк и други помошни работи за потребите на Советот и градоначалникот на Општина Тетово и општинската администрација;


4.1 Одделение за општи работи
-ракува со документите на Општина Тетово и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија;
- го организира вршењето на секретарските работи;
-се грижи за планирање на набавка и распредлба на канцелариски и друг потрошен материјал;
-врши превоз за потребите на градоначалникот и општинската администрација;
-ја одржува хигиената во деловниот објект на Општина Тетово;
-врши угостителски работи за потребите на органите на Општина Тетово;
-врши печатење и фотокопирање на материјали;
-врши работи на ситни поправки и одржување во деловниот објект на Општина Тетово;
-врши портирски и дежурни работи, оперира со телфонската централа;
-врши општа достава на сите документи интерна достава на документите;


4.2 Одделение за превод и лектура на службените јазици
- обезбедува писмен, усмен и симултан превод за потребите на Советот и градоначалникот и на другите сектори на службените јазици во општината;
-врши превод и лектура на прописите, материјалите, информациите и другите документи за потребите на Советот и градоначалникот и општинската администрација;
4.3 Одделение за работата на Советот
-ги подготвува и организира седниците на Советот на Општина Тетово;
-ги подготвува и организира седниците на комисиите на Советот на Општина Тетово;
-ги изготвува актите од надлежност на Советот и комисиите на Советот;
-врши номо-техничко обликување на прописите донесени од Советот;
-ги води записниците од седниците на Советот и извештаите и записниците од седниците на комисиите на Советот;
-во соработка со одделението за превод и лектура на службените јазици,обезбедува писмен, устен и симултан превод за потребите на Советот, на службените јазици на општината;
-изготвува прегледи на акти донесени на седниците на Советот и на неговите комисии;
-дава стручни мислења во врска со работата на Советот и комисиите;
-води евиденција за присуството на членовите на Советот на седниците на Советот и на комисиите;
-се грижи за објавувањето на прописите во „Службен гласник на Општина Тетово

4.4 Одделение за месна самоуправа, заштита и
Спасување
-врши работи од областа на месната самоуправа, заштита и спасување согласно со Закон;
-врши административно-правни работи за потребите на Единицата за против пожарна заштита
-подготвува план и програма за работата на месните самоуправи ;
-ги подготвува и ги помага месните заедници во административните работи;
-ја води постапката во случај на делегирање на надлежности на месната самоуправа;
-ги организира изборите, јавните трибини, собирот на граѓаните во месните самоуправи;
-го подготвува планот за заштита и спасување и го доставува до градоначалникот и Советот за усвојување;
-ја следи состојбата за реализација на одлуките донесени од страна на Советот за избегнување на последиците од елементарни непогоди, епидемии и други непогоди;
-надлежен е за подготвеноста на месните сили за заштита и спасување во склоп на локалната самоуправа;
-по предлог на градоначалникот одлучува за употребата и ангажирањето на овие сили;
-ја следи состојбата во врска со чистење на улиците при акција за чистење во случај на појава на елементарни непогоди и други епидемиии на територијата на општината;
-бара помош и соработка со приватни лица во општината, месните сили и од ЈКП „Тетово„ како и соработува со Регионалната Дирекција за заштита и спасување;
-ги предлага средствата кои што треба да се издвојат од Буџетот на општината за заштита и спасување и менаџирање со кризи;
-подготвува предлог до градоначалникот и Советот за доделување на хуманитарни средства, на населението погодена од елементарни непогоди;
-го подготвува штабот на месните сили и го доставува до градоначалникот за утврдување;
-ги подготвува актите и програмата за спасување и гаснење на пожар, спасување од непогоди на сообраќај, техничко-технолошки непогоди и други непогоди;
-ја следи состојбата и дејствиjта поради можно појавување на кризата на територијата на општината и го известува градоначалникот;
- го подготвува актот за проценка на опасноста од непогоди и појавување на кризна состојба на територијата на општината и истиот го доставува до градоначалникот на општината и му предлага на Советот да го усвои;
-го подготвува програмата за ревитализација на месната самоуправа за менаџирање на кризата;
-ги извршува одлуките на Владата а што се однесуват до кризата на локално ниво;
-подготвува План за управување со кризата
КОНТАКТ ЕМАИЛ:
generalaffairs@tetova.gov.mk

 

5. Сектор за урбанизам и управување со градежното земјиште


-ги следи законите и другите прописи и актите во надлежност на општината, од областана урбанистичко планирање, градење и управувањето со градежното земјиште;
-врши урбанистичко планирање и издава одобрение за градење и одобрение за употреба на објекти од локално значење;
- работи на воведување на податоци и детални урбанистички планови во ГИС системот.
-работи согласно со Законот за бесправно изградени објекти;
- ги извршува работите што се во склоп на Законот за градежно земјиште.
5. 1 Одделение за урбанистичко планирање
води постапки за донесување на урбанистички планови,
-изготвува нацрти и предлози на акти, стручно-аналитички, информативни и други материјали од областа на урбанизмот и просторното планирање;
-го изготвува годишниот извештај за состојбите и промените во просторот што се доставува до надлежното министерство;
-подготвува програма за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Тетово;
-изготвува годишни програми за изработка на урбанистички планови и програми за изработка на локална урбанистичка планска документација;
-организира стручна расправа, презентација и јавни анкети за донесување на урбанистички планови;
-издава потврди, уверенија и изводи од урбанистички планови;
-издавање на акти за регулациона, градежна и нивелизациона линија;
- управување со ГИС системот;
- Oвие работи одделението ги врши согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање кои материјален закон се применуваа преку Законот за општа управна постапка.
5.2 Одделение за спроведување на урбанистички планови
-ги спроведува донесените урбанистички планови;
-ја води постапката за издавање на одобрение за градење и одобрение за употреба на објекти од втора категорија;
-прима, сослушува и врши увид на лице место по барање на странки во постапки за:
-заверување и одобрување на идејнипроекти, основни проекти и друг вид на градежна документација;
- издава одобрение за градење;
- издава одобрение за употреба на објектот;
-води постапка околу издавање на одобренија за градба од областа на инфраструктурни објекти и нивна употреба;
- овие работи одделението ги врши согласно Законот за градење материјален закон кој се применува преку Законот за општа управна постапка
-Работи согласно Законот за бесправно изградените објекти
5.3 Одделение за управување со градежното земјиште
изготвува програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија
-врши пресметка на надоместокот за уредување на градежно земјиште и подготвува договори за уредување на градежно земјиште;
-предлага утврдување зони на градежното земјиште;
-води евиденцијата на недвижниот имот и имотните права и интереси на Општина Тетово во соработка со секторот за финансиски прашања;
-во соработка со другите сектори во рамки на општинсаката администрација, подготвува среднорочен и долгорочен план за управување со недвижниот имот на Општина Тетово;
-предлага мерки за заштита на недвижниот имот и заштита на имотните права и интереси на Општина Тетово;
- ги подготвува предлозите до Советот на Општина Тетово и договорите за издавање под закуп, продажба и купување на имот на Општина Тетово;
-ја подготвува постапката за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште со јавно наддавање и со непосредна спогодба која ја води Комисијата за спроведување на постапките за јавно наддавање;
-по завршување на постапката за јавно наддавање склучува договори за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ, издавање на земјиште на долготраен закуп и краткотраен закуп во согласност со погорецитираните законски прописи;
- води Регистар наотуѓено и дадено под долготраен и краткотраен закуп, на градежно земјиштесопственост на Република Македонија и секој четврти месец вогодината доставува примерок од истиот до надлежниот министер

5.4 Одделение за експопријација
-предлагаи води постапка за експропријација на земјиште поради реализација на урбанистички планови;
-ги информира и преговара со странките;
-предлага замена на недвижности поради реализација на урбанистрички планови
-врши проценки и подготвителни работи за изготвување предлози за експропријација и подготвува предлози за екпропријација на недвижности поради реализација на работи од јавен интерес;
-врз основа на предлозите изготвени од другите сектори, учествува во преговорите и ја спроведува постапката за експропријација на недвижности поради реализација на работи од јавен интерес
КОНТАКТ ЕМАИЛ:
urbanism@tetova.gov.mk

 

6. Сектор за комунални дејности и заштита на животната средина и природа


-ги следи законите и другите прописи и актите од надлежност на општината, во
областа на комуналните дејности, сообраќајот и улиците и заштитата на животната средина и природата;

6.1 Одделение за комунални дејности и уредување на градежното земјиште
врши работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води;
-управувањето со отпадот;
-одржувањето и користењето на парковите, парк-шумите, спортско-рекреативните зони и другите заштитени подрачја;
-одржувањето на зеленилото на јавните и сообраќајни површини;
-снабдување со природен гас и топлинска енергија;
-категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
-одржување на гробишта;
-дезинсекција и ерадикација на животните скитници;
-изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на Општина Тетово и други комунални работи утврдени со Закон;
- изготвува програми за уредување на градежно земјиште;
-изготвува програми за уредување и изградба на комунална инфраструктура;
-обезбедува непречен пристап до градежната парцела;
-изготвува програми за поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација;
-изготвува елаборати за поставување на електрична инсталација, ПТТ и друга инсталација до градежна парцела;
-ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на тие состојби и решавање на проблемите;
-ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување градежно земјиште;
-ги спроведува програмите подготвени од другите сектори во рамки на општинската администрација во делот на изградба на инфраструктурни и капитални објекти;
-води постапка околу издавање на одобренија за поставување на урбана опрема;
-ја следи работата на Јавното Комунлано Претпријатие основано од Општина Тетово и други правни лица (јавно приватно партнерство, концесија, и др.)
-подготвува предлог-акти (планови, програми) во врска со комуналните дејности и управување со отпад;
-изработувa програми за поставување на времени објекти и урбана опрема;

6.2 Одделение за сообраќај и улици
ги следи и анализира состојбите во областа на сообраќајот и патиштатаво надлежност на општината и предлага мерки за нивно унапредување, преку изготвување на предлог годишни, среднорочни и долгорочни планови за развој и управување со сообраќајот во Општина Тетово;
-врши анализа на податоците за режимот и протокот на сообраќајот;
-уредувањето на градскиот и приградскиот сообраќај;
-уредувањето на линискиот превоз на патници, авто-такси превозот, комби-превозот и релации во линскиот превоз од локален карактер;
-организација и одредување на услови за користење на автобуска станица, градски и приградски стојалишта,
-предлага проекти и решенија за примена на технички иновации и технолгија за безбедно одвивање на сообраќајот и предлози и решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Општина Тетово;
-изготвува проектни задачи за сообраќајни проекти и студии;
-врши анализа на состојбата со стационарниот сообраќај и анализа за степенот на искористеност на јавните паркиралишта;
-изготвува Предлог-програма за изградба, оддржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината, утврдени со урбанистички план и се грижи за нејзината реализација;
-подготвува решенија, мислења и согласности за сообраќајни планoви, елаборати и проекти;
-ги подготвува предлозите на прописи и поединечните акти што врз основа на Закон ги донесува Советот и градоначалникот на Општина Тетово во областа на превозот во патниот сообраќај;
-врз основа на барање од правни и физички лица што вршат превоз на патници, ги подготвува леценците за линиски превоз на патници во Општина Тетово;
-врз основа на барање, ги подготвува лиценците за авто – такси превоз на патници;
-ги подготвува дозволите за определена линија за вршење линиски превоз на патници;
-врши регистрација на возен ред за определена линија за линиски превоз на патници;
-ги подготвува дозволите за посебен линиски превоз за подрачјето на Општина Тетово;
-организирање на изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици и градските сообраќајници;
-одржување на хоризонталната, вертикалната и светлосната сообраќајна сигнализација;
- одржување и ажурирање на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
-за извршување на задачите од својата надлежност, соработува со Министерството за внатрешни работи и други владини органи
6.3 Одделение за заштита на животната средина
-ги врши работите поврзани со заштитата, преземањето мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на Општина Тетово;
-ја следи имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план;
-води постапка околу издавње на дозвола за усогласување со оперативен план и издавање на Б-интегрирани еколошки дозволи;
-дава мислење за оцена на влијание на проекти врз животна средина ЕИА;
-спроведува стратегиска оцена на влијание на одредени планови,програми или стратегии врз животна средина СЕА;
-подготвува предлог-акти (планови, програми идр) во врска со заштитата и унапредувањето на животната средина и природата (ЛЕАП и др.)
-подгтовува техничка документација за потребите за јавни набавки;
-ја координира својата работа со другите сектори во рамки на општинската администрација
КОНТАКТ ЕМАИЛ:
traffic@tetova.gov.mk

 


7. Сектор за јавни дејности


врши работи поврзани со основањето, финансирањето и админинстрирањето на основните и средните училишта и детските градинки од подрачјето на општината, врши работи поврзани со учеството на претставници на општината во органите на управување во основните и средните училишта и детските градинки на подрачјето на општината;
-организира превоз и исхрана на учениците од основните и средните училишта,
-се грижи за обезбедување на развојот на спортот во општината;
-институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за Општина Тетово;
-врши работи од областа на социјална заштита и заштитата на децата во надлежност на општината;
-ја координира својата работа со другите сектори во рамки на општинската администрација

7.1 Одделение за образование
-ги врши работите во врска со основањето, финансирањето и админинстрирањето на основните и средните училишта на подрачјето на општината;
-води регистар на основните и средните училишта на подрачјето на Општина Тетово;
-подготвува предлог за распределба на средствата по основните и средните училишта на подрачјето на општинатa добиени од наменски дотации за тековно одржување и средства добиени од блок дотации;
-дава стручно мислење по предлогот на Советот на општината за основање на основно
и средно училиште и подготвува предлог за основање на истите;
-на предлог на Државниот просветен инспекторат и со согласност од надлежното министерството, го подготвува Предлогот за покренување постапка за престанување со работа на основно и средно училиште и ја води постапката;
-го подготвува Предлогот што се доставува до надлежното министерството за запишување ученици во средните училишта во надлежност на Општина Тетово;
-по барање на надлежното министерство, подготвува Предлог за давање согласност од Советот на Општина Тетово за формирањепаралелки со помал број ученици во основните и средните училишта во надлежност на Општина Тетово;
-го подготвува Предлогот за прекин на воспитно-образовната работа во вонредни состојби;
-го подготвува Предлогот за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на средните и основните училишта во надлежност на Општина Тетово;
-го подготвува Предлогот за усвојување на годишниот финансиски план и предлогот за усвојување на годишната сметка на средните и основните училишта на подрачјето на Општина Тетово;
-ја подготвува Одлуката за отворање оглас за директор на oсновно и средно училиште;
-предлага мерки и активности за поддршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата;
собира податоци, подготвува планот и го организира превозот на учениците од основно и средно образование во Општината;
-предлага мерки и активности за подобрување на функционалните аспекти на училишните згради и нивото на опременост на средните училишта;
-подготвува нацрт-планови за можни инвестиции во основните и средните училишта.
-подготвува податоци и техничка документација за потребите на јавните набавки во Одделението;

7.2 Одделение за култура и спорт
-подготвува програма за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за Општина Тетово;
-подготвува програма за негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности;
-подготвува програма за организирање културни манифестации;
-подготвува програма за поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
-подготвува програма за одбележување на настани и личности од значење за Општина Тетово со спомен обележја;
-ја подготвува одлуката за подигање, чување, заштита и користење на спомен обележја и другите прописи од надлежност на Советот на Општина Тетово;
-го води регистарот на спомен обележја и доставува извод од регистарот при секој упис или промена до надлежното министерство;
-иницира и ја спроведува постапката за основање локален музеј и библиотека;
-на предлог на Сојузот на спортови на Општина Тетово, подготвува програма за организирање на спортски приредби и манифестации, поддржување на системот на натпревари на ниво на Општина Тетово во определени спортови и категории, поддржување на традиционалните спортски натпревари и манифестации од национален и меѓународен карактер, поддржување на училишниот и студентскиот систем на натпревари, системот на манифестации и форми на натпревари за лица со посебни потреби, како и масовните спортско-рекреативни активности на граѓаните;
-подготвува програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните, опфатени во програмите на спортските и сопртско-рекреативните клубови, во реализација на училишниот и студентски спортски систем, спортот за сите и особено спортско-рекреативни активности на лица со посебни потреби;
-го подготвува предлогот за утврдување на мрежата на спортските објекти и нивно класифицирање;
- подготвува програма за поддржување на Сојузот на спортови на Општина Тетово;
-дава стручно мислење за извештајот на Сојузот на спортови на Општина Тетово за исполнување на програмите и роковите утврдени во нив;
-го подготвува предлогот на прописот за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Општина Тетово;
-подготвува податоци и техничка документација за потребите на јавните набавкиво Одделението;

7.3 Одделение за социјална, детска и здравствена
заштита
ги врши работите во врска со основањето, финансирањето и одржувањето на установите за детска и социјална заштита во согласност со Закон;
-предлага програма за управување, финансирање и одржување на јавната установа детска градинка ;
-предлага програми за основање, управување, финансирање и одржување на установи за институционална и вонинституционална социјална заштита;
-предлага и реализира мерки за унапредување на примарната здравствена заштита согласно законските надлежности;
-остварува социјална грижа за категори инвалидни лица, децата без родители, деца со воспитно социјални проблеми, децата на улицa, лицата изложени на социјален ризик;
-се грижи за лицата засегнати со зоупотреба на дрога и алкоол;
-се грижи и ги обезбедува старите лица;
-предлага мерки и активности за здравствено воспитување;
-предлага мерки за унапредување на здравјето и превентивни активности;
-предлага мерки за вршење надзор над заразните болести;
-подготвува податоци и техничка документација за потребите на јавните набавкиво Одделението

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
publicaffairs@tetova.gov.mk

 


8. Сектор за инспекциски надзор– (Општински инспекторат)


инспекциски надзор над примената на одредбите на законите и прописите кои се однесуваат на админинистрирањето на приходите, комунлана хигиена, заштита на животната средина, урбанизмот и просторното планирање, градење, сообраќај, патиштата, и други видови надзор од надлежност на општината.
-надзор над јавните претпријатија основани од општината и над правните и физички лица на кој општината им дала дозвола за вршење на комунална дејност;
-надзор врз основа на повик од граѓаните;
-водење на управна постапка;
-поднесување на пријави до надлежните државни органи и судовите при постоење на услови за истите;
-планира, организира и спроведува законска постапка за извшување;
-јаследи проблематиката во областите на надлежност на општината врши анализа на сосотојбите, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;

8.1 Одделение за инспекциски надзор од урбанистичка и градежна област
-врши инспекциски надзор и следење на примената на законите и подзаконските акти од областа на урбанистичко-градежната област;
- врши инспекциски надзор над примената на одредбите на законите, прописите идруги општи и поединечни акти донесени од надлежност на општината, а кои се однесуваат на урбанизмот и просторното планирање и градежништво;
-составување на записник, издавање на решенија,
-поднесување на пријави до надлежните државни органи при постоење на услови за истите;

-ја следи проблематиката во областите на надлежност на општината врши анализа на сосотојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
-организира, планира и ги спроведува постапката на извршување на правосилните одлуки на инспекторатот;
-води управна постапка од надлежноста на одделението;

8.2 Одделение за инспекциски надзор од комунална дејност и животна средина
-врши инспекциски надзор над примената на одредбите на законите, подзаконските акти и прописите од областа на комуналните дејности патниот сообраќај, локалните патишта и улици и заштита на животната средина;
-надзор над јавните препријатија основани од општината и над правните и физички лица на кој општината им дала дозвола за вршење на комунална дејност, а кој се однесуваат на комунална хигиена и заштита на животната средина;
-врши инспекциски надзор од областа на сообраќајот и патиштата, транспортот во градскиот и приградскиот сообраќај,
-заштита на животната средина и природатаи квалитетот на амбиентниот воздух;
-заштита на животната средина и природата и управување со отпадот;
-врши надзор над заштита на почвата од загадување;
-врши надзор над примена мерки за заштита од штетна бучава;
- врши надзор над примена на мерките за заштита од непријатна миризба;
-составување на записник, издавање на решенија,
-поднесување на пријави до надлежните државни органи при постоење на услови за истите;
-ја следи проблематиката во областите на надлежност на општината врши анализа на состојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
-води управна постапка;
-иницира прекршочна и кривична постапка

8.3 Одделение за инспекциски надзор од јавни дејности и друг надзор од надлежност на општината

-ја следи примената на законските прописи и прописите на општината во областа на локалните даноци, такси, надоместоци и другите приходи на општината;
-врши инспекциски надзор над примената на одредбите на законите, прописите и други општи и поединечни акти донесени од надлежност на општината а кои се однесуваат на локалните приходи (даноци, комунални такси), образование, туризам, угостителство и спорт во постапка утврдени со Закон;
-врши инспекциски надзор на утврдувањето и наплатата на локалните даноци, наплатата на комуналните такси и наплатата на таксата за привремен престој;
-врши проверка на состојбата и вредноста на недвижниот и подвижниот имот кој е предмет на оданочување;
-врши инспекциски надзор во основното и средното образование како и други јавни дејности кои се во надлежност на општината;
-вршиинспекциски надзор во областа на угостителско-туристичката и занаетчиската дејност, трговијата и друг инспекциски надзор под надлежност на општината, согласно соодветниот закон и другите подзаконски прописи
-води управна постапка;
-составување на записник, издавање на решенија,
-поднесување на пријави до надлежните државни органи при постоење на услови за истите;
-ја следи проблематиката во областите на надлежност на општината врши анализа на сосотојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
КОНТАКТ ЕМАИЛ:
inspection@tetova.gov.mk

 



Планирање на локалниот економски развој;
-Предлагање развојни и структурни приоритети на ниво на Oштината Тетово
- Предлагање мерки и активности за водење на локалната економска политика и развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото;
- грижа за развојот и исполнувањето на законските обврски од надлежност на Општината Тетово во сферата на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијата;
-Предлагање мерки за развој и поттикнување алтернативен и културен туризам;
-Предлагање мерки за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Тетово и туристичко пропагандно информирање;
- Изработка на програми за развој и промоција на земјоделството
- Изработка напрограми и проекти за поттикнување на инвестиции

9.1 Одделение за локален економски развој
Го планира локалниот економски развој на Општина Тетово и подготвува стратегија за локален економски развој на Општината.
-Во соработка со другите сектори во рамки на Општинската администрација, предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Општина Тетово.
-Предлага мерки и активности за водење на локална економска политика на ниво на Општина Тетово и дава стручно мислење за предлог одлуките со кои се утврдува висината на комуналните такси, висината на локалните даноци, за предлог програмите за изградба и одржување на комуналната и социјалната инфраструктура и другите прописи што имаат влијание врз локалниот економски развој.
-Подготвува стратегија за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото.
-Предлага активности и иницијативи за соработка со претставниците на деловниот сектор и нивните здруженија на ниво на Општина Тетово во креирањето на стратешките и развојните документи за локалниот економски развој.
-Предлага иницијативи за градење на јавно-приватни партнерства.
-Предлага мерки и активности за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на подрачјето на Општина Тетово.

9.2 Одделение за развој и промоција на туризмот
-Предлага стратегија за развој на туризмот во Општина Тетово.
-Предлага мерки и дава иницијативи за проекти и активности за развој и поттикнување на алтернативниот и културен туризам.
-Предлага годишна програма за општо туристичко пропагандно информирање и подобрување на условите за престој на туристите во Општина Тетово и ја обезбедува нејзината реализација.
-Води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат туристичка дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на Општината Тетово, како и за пријавувањето на вршителите на туристичка дејност што започнуваат со работа на нивно подрачје;

9.3 Одделение за развој и промоција на земјоделството
- ќе ги следи законските измени, политиките, програмите и мерките што се во ниво на државата со цел да им се помогне на земјоделците од општината, да аплицират за субвенции, ИПАРД, програмите за рурален развој;
- Поттикнување на домашни и странски инвестиции во земјоделското производство, откупот и преработката на земјоделски производи - за зголемување на конкуренцијата кај откупувачите, а со тоа и понуда на подобри цени, пазарни услови за земјоделците и поголем извоз на земјоделски производи;
- ќе предлага проекти и инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук во регионот на општината;

9.4 Одделение за инвестиции и проекти
- Во соработка со надлежните сектори во рамки на општинската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори;
-организирање на учеството на Општина Тетово на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на општината.

КОНТАКТ ЕМАИЛ:
led@tetova.gov.mk

 


10.Сектор за информатичка технологија


-врши одржување на информатичкиот систем во општината, врши проектирање и реорганизација на информациониот систем, предлага мерки за надградба на информациониот систем во зависност од развојот на информатичките технологии (ИТ) и потребите на Општината, поставува стандарди и политики за сигурност на информациониот систем, помага за правилно функционирање на ГИС системот во општината, одржување и надградба на ВЕБ страницата на општината, организација на информатички обуки за вработените во општината за системски и апликационен софтвер,изготвување и обработка на документи и презентациони материјали, го следи развојот на новите технологии и предлага мерки за понатамошен развој и унапредување, предлага мерки за зголемување на користењето на нови технологии.


10.1 Одделение за информационен систем
-врши одржување на информатичкиот систем во општината, врши проектирање и реорганизација на информациониот систем, предлага мерки за надградба на информациониот систем во зависност од развојот на информатичките технологии (ИТ), можноста за нивна имплементација и во зависност од потребите на општината; одговара за правилно функционирање и користење на компјутерско - комуникационата опрема, планира технички, оперативни, и безбедносни карактеристики на мрежата и информациониот систем; ги проучува потребите и можностите за воведување на нови информациони сервиси во општината; помага за правилно функционирање на ГИС системот во општината, поставување на стандарди и сигурносни политики во информациониот систем и одредување на соодветен пристап на вработените во информациониот систем; поставување, одржување и надградба на Веб страниците на општината; предлага обуки за вработените во Секторот за информатика; анализа на потребите за информатичка опрема за вработените во општината; креира политики за употреба на електронска пошта и интернет; организација на информатичка обука за вработените за користење на апликативните решенија, административни работи: водење сервисни книги, попис и изготвување извештаи за опремата, изготвување и обработка на документи и презентациони материјали за билтени, брошури и Веб страната на општината.

10.2 Одделение за техничка поддршка
– се грижи за навремено, законито, односно квалитетно вршење на работите кои се однесуваат на организирање и внатрешно функционирање на информатичкиот систем во општината; учествува во дефинирањето на политиките и стандардите на корисничката ИТК опрема; ја организира обуката на вработените за користење на корисничката ИТК опрема за поефикасно работење; ги спроведува безбедносните стандарди за електронските информации што се донесени како правилници од страна на градоначалникот во делот на корисничката ИТК опрема; го следи развојот на хардверот и софтверот и предлага нивна имплементација во делот на корисничката ИТК опрема

 

 

Орган во состав Општината

Територијална противпожарна Единица


- гаснење на пожари на подрачјето на Општина Тетово односно подрачјето што го покрива;
- отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
- спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
- укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
- извршување на други техничко-помошни работи при несреќи и непогоди;
- врши непрофитабилни услуги поради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
- заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со Закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија поради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
- давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
- водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и надлежниот Сектор при Општина Тетово;
- периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
- тековна поправка и одржување на механиката;давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;

 

 

 




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014