Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Посети го Тетово
 Историски објекти
 
Природа
Одмаралишта
Историски објекти
Музеи
Места од интерес
 
Чифте Амам на градот



Чифте амамот во Тетово е изграден во 16 век и се наоѓа на левиот брег на реката Пена, спроти Шарената Џамија.Чифте амамот од Тетово како класична градба на ориентално албанско-исламска архитектура е изграден на соодветно место за жителите од тоа време, на раскрсницата која го поврзува градот Тетово со останатите полошки населени места.

Амамот е изграден со неколку елементи, од аспект на техниката и структурата на зидањето.За конструкција на ѕидовите , покривот на ќемерите во делот на кубето како и во деловите од рамните површини, помеѓу куполата е употребен рамен камен како и варовник.Во овој систем на техника на изградба на бања се употребени карактеристични цигли за периодот на градењето.

Како поврзувачки материјал е употребен варовник. Амамот има потполна функционална шема од типот „Чифт“симетричен амам од архитектонско-функционален аспект, што сочинува целосна функционална шема бидејќи ги има сите предвидени простории за градби  од јавно-општествен карактер.

Надворешната комуникација е изведена преку порта покриена со аркитра, која се наоѓа на источниот дел на објектот.

Отвор на прозорците има само во соблекувалната.Се покрива со 4 куполи од кои две се поголеми и две се помали.Во првата купола која е седмоаголна, во секој втор агол има округли отвор од каде пробива надворешна светлина.Куполите немаат еднаква големина, додека со нивната динамика и контрасти влијаат на разбивање на монотонијата на објектот, додека светлото и сенката и даваат естетички и монументален изглед. Општо гледано овој објект се разликува во акцептирање, односно во три главни волумени:волуменот што се создава во амбиентот за подготвување за миење, главниот амбиент и амбиентот за складирање на вода.Внатрешниот волумен е поголемиот дел што го опфаќа амамот.

Во декорацијата се претставени пластични и камени елементи.Освен скршрните лаци кои се разликуваат со убави форми на реализација, посебен третман имаат и венците на куполите.Архитектонските форми, хармоничните димензии, јасноста и чистотата на линиите овозможуваат тетовскиот амам да завземе заслужно место во изградбата на јавните монументи не само во Тетово туку и пошироко.

Денес, овој објект има функција на уметничка галерија.




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014