Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Општина
 Градоначалник на општината
 
Градоначалник на општината
Совет на Општина
Администрација на Општината
Претпријатија и едници
 
Биографија на градоначалник



БИЉАЛ КАСАМИ
Градоначалник на Тетово

 

Др. Биљал Касами е роден на 31 јули 1975 година во Тетово.

Во 2000-та година, дипломирал економија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

На истиот Универзитет, во 2011 година успешно ги завршил докторските студии, со што се стекнува со титулата- Доктор на економски науки.

Од 2000-та до 2004-та година работел во Царинската управа на Република Северна Македонија.

Во периодот од 2005-2006-та година ја извршувал функцијата Државен секретар во Министерството за економија на Република Северна Македонија, од каде по завршувањето на мандатот во 2006 година, се враќа на работното место во Царинската управа, каде што останува до 2008-та година.

Од 2009-та до 2014-та година, бил професор на Балканскиот меѓународен Универзитет.

Од 2014 година привремено се повлекува од академскиот живот за да и се посвети на политиката.

На својата академска кариера се вратил во 2017 година како професор на повеќе универзитети во Република Косово, каде што продолжува да биде ангажиран како редовен професор на Универзитетот Дарданија.

На 22 ноември 2014-та година со формирањето на Движењето “БЕСА”, е избран за негов прв претседател, функција што ја извршува и денеска.

На парламентарните избори во декември 2016 година е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, функција која ја извршувал до 2017 година.

Во 2017 година поднесува оставка од функцијата пратеник за да се кандидира за градоначалник на општина Тетово.

На предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

На локалните избори, на 17 октомври 2021 година, тој повторно се кандидирал за градоначалник на Тетово, од редовите на Движењето “БЕСА”. Во вториот круг од изборите, одржан на 31 октомври 2021 година, од граѓаните беше избран за градоначалник на општина Тетово.

Др. Биљал Касами е оженет и татко на три деца.




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014